Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

Автор: Ана Петровиќ

Повеќето сцени од филмовите ќе останат запаметени по фустаните во кои актерките се појавуваат (Помислете на Мерлин Монро и познатата сцена со белиот фустан).

Овие култни модни креации го сменија текот на модата и стилот на многу жени ширум светот, и претставуваа инспирација на многу дизајнери за нови модни колекции.

0-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mk

Во продолжение погледнете дел од нив:

1. Белиот фустан на Џенифер Лоренс (American Hustle, 2013)

Костимографот на филмот, Мајкл Вилкинсон ја облече Лоренс во бел, елегантен фустан, карактеристичен за диско стилот од 70-тите.

„Знаевме дека овој фустан мора да изгледа опасно“ изјави Вилкинсон за The Post.

Филмот „Американски измамници“ е еден од главните „виновници“ за враќање на модата од 70-тите години од минатиот век.

1-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mk

2. Кира Најтли и свилениот, смарагден фустан (Atonement, 2007)

Само неколку фустани во филмската историја успеаја да привлечат огромно медиумско влијание, меѓу кои е и смарагдниот, лелеав фустан, кој го носеше Кира Најтли во филмот на Џо Рајт.

Нежниот материјал, должината до земја и отворениот грб ги натера жените ширум светот да пробаат да го ископираат овој филмски костим.

За време на снимањето, овој фустан е направен во неколку копии, бидејќи костимографите стравувале од негово оштетување.

ATONEMENT

3. Одри Хепберн и фустанот на Живанши (Breakfast at Tiffany’s, 1961)

Црниот, сатенски фустан кој го носеше стилската икона Одри Хепберн предизвика револуција во модниот свет, носејќи го епитетот за „најпознат црн фустан на сите времиња“.

Анкета спроведена во 2010 година, од страна на компанијата Lovefilm го прогласи овој фустан за најдобар женски костим во историјата на филмската индустрија.

MBDBRAT EC001

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар