Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот

Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот

Не ве дефинираат родителите кои не биле тука за вас и не ви обрнувале внимание. Не ве дефинира братот кој никогаш не ве ценел или сестрата која не знаела како да ви биде најдобра пријателка.

Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот

Не ве дефинира првата симпатија која ве излажала и ве искористила за предизвика нечија љубомора. Не ве дефинира партнерот кој ве оставил затоа што не знаел како да се однесува во вистинска љубовна врска.

Не ве дефинира човекот кој никогаш не ви дал шанса, затоа што бил презафатен со друга љубов или пак личноста која сакала да бидете само пријатели, затоа што не можела да ве погледне како нешто повеќе од тоа.

Не ве дефинираат луѓето кои не можеле да ве љубат или оние кои не успеале да видат што ви предизвикува болка. Не ве дефинираат оние кои заминале, затоа што не заслужувале да останат.

Тешко е да се биде во ваква ситуација. Сте заборавиле како е да се почувствува љубов и како да се љуби без да си ги повредите чувствата. Сте заборавиле како изгледа вистинската љубов.

Доста ви е од едностраната љубов и од луѓето кои ви даваат лажна надеж. Ве прогонуваат духовите од минатото и болните раскинувања. Но, не можете да бидете целосни без да знаете како е да се биде скршен. Не можете да очекувате од некого да ве спаси, ако не знаете како да се спасите самите.

Не би биле силни кога не би можеле да го поднесете сиот тој хаос, сета таа болка и сите тие неправди. Не можете да барате љубов, додека не научите да се сакате себеси во моментите кога никој друг не ви покажува љубов.

Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот. Не ве дефинира нивниот недостаток на љубов. Не ви треба нивното одобрување. Ви треба само вашата верба во себе и љубовта кон сопственото битие.

Во продолжение прочитајте како да се справите со љубовно разочарување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар