Како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето?

Опуштената кожа е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, особено жените. Сепак, пред да се одлучите за болна операција, би требало да знаете дека постои и природен начин да ја затегнете вашата кожа.

kako-prirodno-da-ja-zategnete-vashata-kozha-na-liceto-kafepauza.mk

Краставица

Ова е можеби најдобриот „лек“ за опуштена кожа. Направете сок од краставица и нанесете го на лицето. Оставете го да се исуши и да ја подобри вашата кожа. Покрај ова, краставицата ќе ги намали круговите под очите и брчките околу нив.

Вежби за лице

Ако редовно правите вежби за лице, ќе ги затегнете мускулите и ќе го избегнете проблемот со опуштената кожа. Ќе имате помазен врат, чело и образи.

Вода

Хидратацијата е клучна за здравјето на кожата. Секој ден пијте 10-12 чаши вода и редовно нанесувајте крем за навлажнување на вашето лице.

Масажа на лицето

Една од најдобрите техники за подобрување на опуштената кожа е масажа на лицето со која ќе ги намалите брчките, ќе ја измазните кожата и ќе го исчистите лицето.

Здрава храна

Кожата го прикажува секој проблем во телото, па ако сакате да ги средите проблемите со неа, почнете од внатре. Консумирајте храна која е богата со витамини и минерали и избегнувајте преработена храна, како и храна која има премногу шеќер.

Природни масла

Природните масла се одлични за затегнување на кожата, а најдобри се маслото од авокадо, грозје и јојоба. Користете ги природните масла редовно, кои пак одлично се комбинираат и со други состојки, како шеа путер и витамин Е. Многу од овие природни масла се додаваат во скапите креми за лице.

Сода бикарбона и кокосово масло

Оваа алкална супстанца ги отстранува мртвите клетки, ги затегнува порите и го подобрува здравјето на кожата. Пастата од сода бикарбона можете да ја користите како пилинг за лице и затегнувач. Измешајте малку сода бикарбона, кокосово масло и вода и масирајте го лицето.

Нанесувајте крем за заштита од сонце

За да ги намалите брчките, мора да ја заштитите кожата од штетните ултравиолетови зраци. Прекумерното изложување на сонце може да води до стареење и опуштање на кожата и создавање на брчки. Затоа, нанесете квалитетен крем за заштита на вашето лице и врат, барем половина час пред да излезете од дома.

Направете маска за затегнување

Најдобрата комбинација која можете да ја користите за овој вид маска е онаа од сок од лимон и белка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-тина минути. Откако целосно ќе се исуши, исплакнете ја со топла вода.

Креми за затегнување на лицето

Можете да користите некој крем кој докажано ќе го подобри вашиот изглед. Одберете некој против стареење кој содржи природни состојки, како масло од грозје, Q10, масло од авокадо и слично. Овие состојки го стимулираат телото да произведува повеќе колаген, со тоа правејќи ја кожата помазна.

Пробајте ги овие природни методи за затегнување на кожата пред да се подложите на каква било операција. Се разбира, комбинирајте ги со здрава исхрана, правилен сон и редовно вежбање.

Погледнете ги и овие практични совети за блескава кожа на лицето.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар