Практични совети за блескава кожа на лицето

Убавата, негувана и блескава кожа е приоритет на секоја жена која се грижи за себе и која сака во секој момент да изгледа беспрекорно. Дека тоа е лесно да се постигне, ве уверивме повеќе пати досега, затоа што за нега не ви се потребни скапи препарати – доволни ви се производите кои веќе ги имате дома. Секако важни се и континуитетот и доследноста. Токму тоа е случајот и со нашите денешни совети за убавина. Сè што треба да направите е да го прочитате овој текст и уште денес да започнете со примена на овие практични совети за блескава кожа.

1-lice-ispolneto-so-zdravje-nega-i-srekja-praktichni-bjuti-soveti-za-bleskava-kozha-na-liceto-www.kafepauza.mk_

1. Правете редовен пилинг на вашата кожа, но не само на лицето, туку и на целото тело. За таа намена слободно можете да користите шеќер, а во текот на туширањето и ракавица или сунѓер за пилинг на телото. Многу е важно за време на пилингот да практикувате кружни движења, бидејќи тоа е најдобриот начин да ги отстраните мртвите клетки од вашата кожа.

2. И хидратацијата е доста важна. Освен внесувањето многу течности, негувајте ги секојдневно вашите лице и тело негувате со некоја хидратантна крема или лосион.

3. На секои 15 дена користете маска за лице направена од желатин, за да ги отстраните митесерите од вашата кожа. За да ја направите оваа маска потребно е да помешате една лажичка желатин без вкус со две лажички млеко, а потоа ставете ја смесатата во микробранова печка околу 10 секунди. На овој начин сите состојки ќе се соединат. Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете ја да се исуши. Откако ќе се исуши, нежно тргнете ја од вашата кожа и уживајте во постигнатите резултати.

4. Мијте го лицето со препарат за чистење или со топла вода пред да отидете на спиење за да ги отстраните прашината, маснотиите и бактериите кои се задржуваат во порите.

5. Обидете се редовно да користите крема за сончање, бидејќи инфрацрвените зраци се главните предизвикувачи на рана појава на брчки, траги на стареење, па дури и рак на кожата.

2-lice-ispolneto-so-zdravje-nega-i-srekja-praktichni-bjuti-soveti-za-bleskava-kozha-na-liceto-www.kafepauza.mk_

6. Како што веќе истакнавме, а повторно ќе кажеме, пијте многу вода за вашата кожа нормално да дише и да изгледа убаво. Кога е дихидрирана, кожата е помалку еластична, а со самото тоа се намалува и процесот на нејзино чистење и обновување.

7. Од два до три пати месечно на пределот под очите и околу устата, пред да отидете на спиење, нанесете мала количина чиста алое вера. Овој природен препарат многу ќе ви помогне во превенција на појавата на брчки и другите знаци на стареење.

8. Обидете се да се ослободите од стресот, бидејќи неговите штетни ефекти се чувствуваат на сите органи, а особено на кожата. Обидете се да го намалите стресот, а вашата кожа и тело ќе ви бидат благодарни за тоа.

9. Редовно чистете го вашето лице. Кога го велиме ова, мислиме на отстранувањето на шминката секоја вечер, кое важи за правило број еден за успешна и адекватна нега. Доколку го прескокнете овој чекор, вашите пори брзо ќе се затворат, а вашата кожа ќе стане сува и иритирана.

10. Барем еднаш месечно пригответе го таканареченото смуди за детоксикација. Во блендер ставете малку портокал, морков, јаболка, пола краставица и целер. Ова смуди е идеално за хидратација на кожата, но и за исфрлање на сите штетни токсини од организмот.

3-lice-ispolneto-so-zdravje-nega-i-srekja-praktichni-bjuti-soveti-za-bleskava-kozha-na-liceto-www.kafepauza.mk_

11. Вежбајте, вежбајте и вежбајте, бидејќи со помош на вежбите се забрзува метаболизмот и се поттикнува процесот на обновување на клетките на кожата.

12. На секои 15 дена правете пилинг на кожата на лицето со крема за пилинг или со мешавина од природен јогурт и кристален шеќер. Пилингот правете го со нежни, кружни движења, а потоа измијте го со млака вода.

13. Спијте повеќе, бидејќи кога спиете ја регенерирате кожата и допринесувате за нејзината еластичност и нежност. Затоа водете сметка за себе и обидете се да се одморите онолку колку што ви е потребно.

14. Секогаш во ракав имајте неколку маски за лице кои можете да ги направите дома од природни состојки. Маската направена од овесна каша е идеална за девојките со масна кожа, онаа од авокадо е идеална за негување на сува и иритирана кожа, додека за комбиниран тип на кожа најсоодветна е маската од мед и папаја.

15. Секој ден во својот организам внесувајте малку витамин Б. Овој витамин е идеален за поттикнување на регенерацијата на кожата, а воедно и за брз раст на ноктите. Доколку се одлучите за витамин Б во капсули, попознати како биотин, запомнете дека со нив е неопходно да пиете многу вода во текот на денот.

4-lice-ispolneto-so-zdravje-nega-i-srekja-praktichni-bjuti-soveti-za-bleskava-kozha-na-liceto-www.kafepauza.mk_

16. Користете маска од кал доколку ви е масна вашата Т зона (нос, чело и/или брада). Доколку ви е масна целата кожа на лицето, ова маска ја препорачуваме и за сите останати делови на лицето, не само за веќе спомнатата Т зона.

17. Краставицата е вашиот адут во негата. Ако мислевте дека ставањето парчиња краставица на очите и лицето е само „фора“, тогаш се лажете, бидејќи овој зеленчук прави чуда на вашата кожа. Сокот од краставица е идеален за омекнување, подмладување, а со самото тоа и за свежина и сјај на вашата кожа.

18. Ставајте мокри кесички чај на очите доколку сакате да ги отстраните темните кругови околу очите и подочниците. Најдобар за оваа постапка е зелениот чај, што може да ви послужи и како тоник за лице. Нанесувајте го два пати неделно, бидејќи ги намалува порите и има одлични антибактериски ефекти. Познат е и по своите карактеристики да го забави стареењето.

19. Кога прскате парфем, обидете се да го избегнете лицето, бидејќи поголемиот дел од парфемите содржат состојки кои може да предизвикаат нивото на колаген да биде многу пониско од што ѝ е потребно на нашата кожа.

20. Користете квалитетна шминка. Внимателно избирајте ги козметичките препарати кои ги купувате и не заборавајте дека вашата кожа го апсорбира сето она што го нанесувате на неа.

5-lice-ispolneto-so-zdravje-nega-i-srekja-praktichni-bjuti-soveti-za-bleskava-kozha-na-liceto-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Kawaii Reply

    Неколку другарки станаа вегани во последниве години и таква трансформација немам видено досега. Не само што изгубија вишок килограми туку ликот им се промени. Тенот им е сјаен, кожата чиста немаат потреба од пудри и коректори, очите побистри..Кожата на лицата нивни посебно ме изненади, со никакви маски и козметики немам видено такви резултати,немаат веќе акни, митесери (а ги имаа цело време), дури и темни кругови под очите немаат повеќе…

Остави коментар