Диета за детоксикација

Диета за детоксикација

Диетите со течности се одличен начин да изгубите некој килограм без изгладнување, а диетите за детоксикација ќе ви помогнат да се стабилизирате после празниците. Оваа диета се препорачува да се држи од три до пет дена неколку пати годишно, најчесто после празници, за да се прочисти организмот.

Диета за детоксикација

Внесувајте многу течности

Течностите се корисни бидејќи помагаат за нормално функционирање на бубрезите, црниот дроб, дебелото црево и лимфните жлезди, односно сите органи кои ги филтрираат токсините од вашето тело. Не пијте премногу ако не сте воопшто жедни, но целете кон тоа да пиете од еден до два литри дневно, плус две шолји кафе или чај.

Намалете со калориите, но не драстично

Внесувајте од 1.400 до 1.600 калории дневно. Ќе изгубите малку тежина, но ќе имате енергија. Доколку внесувате помалку од 1.200 калории дневно, вашето тело ќе почне да согорува од мускулната маса наместо маснотии, и плус нема да внесувате доволно витамини.

Диета за детоксикација

Започнете го денот со здрав и обилен појадок

Ова го слушате постојано, но вистина е. Доколку го пресконете појадокот, вие не го започнувате денот со доволно енергија и подоцна ќе внесувате повеќе храна. Започнете го денот со обилен, но пред сè здрав појадок. Пожелно е да содржи некои од следниве состојки: овесни житарици, млеко, јогурт или други млечни производи, јајца, путер…

Зелена храна

Зеленолисните растенија се здрави и го подобруваат метаболизмот. Вашиот ручек и вечера комбинирајте ги со зелечук. Наместо купечки сок, направете си домашен сок од зеленчук. Еве рецепт за одличен здрав пијалак. Во блендер измешајте неколку зеленчуци (како спанаќ, брокули, морков…), неколку билки и зачини (свеж ѓумбир, магдонос, цимет, морско оревче…), малку овошје за да засладите (може пола јаболко или портокал) и протеини (белка од јајце, јогурт, млеко од соја…).

Кога имате потреба од обилен оброк

Кога сте на состанок, деловен ручек или кога едноставно чувствувате потреба за внес на повеќе калории, во ред е вашиот оброк да биде обилен, но само под услов да биде здрав. Обрнете внимание на протеините, како риба или бело пилешко месо, и на зеленчукот.

Внимавајте што грицкате

Кога ќе добиете желба за грицки или меѓуоброк, направете си пуканки или консумирајте јаткасти плодови, овошје или сосема малку чоколадо доколку имате голема желба за благо.

Не внесувајте…

Додека трае овој период на детоксикација, од вашата исхрана исфрлете ги рафинираните шеќери, бело брашно, ориз, месни и млечни производи со висока масленост и газираните сокови (без разлика дали се диетални или обични).

Диета за детоксикација

Движете се

Дури и кога не сте расположени за тешки и долготрајни вежби и џогирање, направете макар кратки вежби и практикувајте ги секој ден. Најдете начин да се движите и пијте многу вода. На овој начин ќе ја регулирате циркулацијата на крвта и ќе ги исфрлите токсините.

Глутенот и не е толку лош

Секако дека треба да го избегнувате, но може да биде корисен доколку е во мали и ограничени количини. Може да ви помогне во детоксикацијата, да го намали холестеролот и да ги регулира гасовите во цревата. Внесувајте го во вид на житарици преку две мали порции дневно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар