Брза детоксикација на организмот, по завршувањето на празниците

Поголемиот дел од празниците се зад нас, и иако секоја година си ветуваме дека нема да претераме со храната, скоро секогаш го прекршуваме тоа ветување. Ако и вие самите сте претерале за овие празници, поточно чувствувате дека ви е потребна детоксикација на организмот, тогаш ние ви даваме одлични совети за брзо отстранување на празничниот вишок. Подарете му на вашето тело една брза и едноставна детоксикација која ќе ви помогне да се вратите во нормала. Без гладување или некакви чудни сокови…

2-brza-detoksikacija-na-organizmot-posle-novogodishnite-praznici-www.kafepauza.mk_

1. Прескокнете го кафето

Без разлика колку и да ви се чини дека не можете да живеете без кафе, обидете се барем неколку дена после празниците да го исфрлите од вашата утринска рутина. Тоа ја поттикнува дополнителната желба за јаглехидрати и шеќери, па подобро заменете го со зелен чај кој е многу поздрав избор, а исто така содржи кофеин. Доволно ви е само една шолја зелен чај за да се расоните. Испробајте!

2. Хидратација

Вода, вода, вода… Веќе сто пати кажавме колку е важно да пиете течности, особено вода. После уживањето во сите оние празнични јадења, рехидрацијата на организмот е клучна. За да ви биде повкусна, во чашата со вода можете да ставете парче лимон или портокал кои содржат витамин Ц, кој ќе ве заштити од пад на имунитетот. И вашиот желудник и вашата кожа ќе ви бидат благодарни.

3. Производи полни со хранливи влакна

За да ви се оправи дигестивниот систем после празничното претерување, важно е во секојдневното мени да вклучите производи кои се богати со хранливи влакна. Најдобро е таквите производи, како што се овесните снегулки, да ги јадете за појадок и вашиот дигестивен систем наскоро ќе се врати во нормала.

1-brza-detoksikacija-na-organizmot-posle-novogodishnite-praznici-www.kafepauza.mk_

4. Физичка активност

Знаете дека после празниците физичката активност е неизбежна. Не мора да се потите во теретана, туку доволни ќе ви бидат и прошетките на свеж воздух, брзо одење, трчање, јога, утринско истегнување… Самите изберете активност која најмногу ви се допаѓа, бидејќи најважно е да почнете да се движите.

5. Тргнете се настрана од шеќерот

Доколку сакате да го исчистите вашето тело од токсините, најдобро е од вашиот живот на некое време да го исфрлите шеќерот. Обидете се на неколку дена, односно во текот на детоксикацијата, да го исфрлите шеќерот и преработените производи. Тогаш јадете што е можно повеќе овошје, зеленчук и житарки со цело црно. Откако ќе завршите со процесот на чистење, вашето тело ќе биде како ново.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар