7 вистини кои првата менструација ги открива за вашето здравје во иднина

Зависно од тоа кога ја добила својата прва менструација, жената може да биде под поголем ризик за заболување од одредени болести. Но, тоа никако не значи дека нејзиното здравје е предодредено. Здравиот начин на живот (физичката активност, одржувањето здрава телесна тежина и здравата исхрана) може на големо да го намалат ризикот од заболување. Сепак, добро е да знаете што првата менструација ви зборува за вашето здравје и на што треба да внимавате.

1-7 vistini koi vashata prva menstruacija gi otkriva za vasheto zdravje vo idnina-www.kafepauza.mk_

1. Здравје на срцето

Според резултатите од студијата во која учествувале над милон испитаници, жените кои својата прва менструација ја добиле на 13 години имаат најмал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и висок крвен притисок. Жените кои својата прва менструација ја добиле многу рано, на 10 години или многу доцна, на 17 години, се под најголем ризик од наведените здравствени проблеми.

„Хормоните делуваат како заштита за здравјето на срцето, но раната менопауза до која може да дојде поради раниот почеток на менструацијата се поврзува со тие здравствени проблеми“, напоменува гинекологот Вишна Латин.

2. Дијабетес

Жените кои својата прва менструација ја добиле пред да наполнат 12 години се под поголем ризик да заболат од дијабетес отколку жените кои ја добиле подоцна, покажуваат резултатите од анкетата која била спроведена на 4.600 жени во средните години. Раната менструација го зголемува ризикот од дијабетес затоа што на тој начин се зголемува и отпорноста на инсулинот.

3. Прееклампсија

Ова нарушување во текот на бременоста се карактеризира со зголемен крвен притисок и појава на протеини во урината во текот на бременоста. Подоцна може да претставува фактор за ризик од мозочен удар. Кај жените кои првата менструација ја добиле пред 12 години можноста за развој на оваа состојба, која е потенцијално опасна за здравјето во текот на бременоста, е за 28% поголема отколку кај жените кои својата менструација ја добиле подоцна.

4. Ризик од карцином

„Раното појавување на првата менструација го зголемува ризикот за подоцнежното заболување од рак на дојката и матката, бидејќи жената е подолго време изложена на влијанието на естроген во однос на жените кои подоцна ја добиле својата прва менструација“, истакнува д-р Вишна Латин.

2-7 vistini koi vashata prva menstruacija gi otkriva za vasheto zdravje vo idnina-www.kafepauza.mk_

5. Тироидна жлезда

Во една француска студија се споредувале податоците добиени од 600 жени на кои ракот на тироидната жлезда им бил дијагностициран пред 35 години со податоците на 600 здрави жени. Се дошло до заклучок дека кај жените кои својата прва менструација ја добиле рано постои поголем ризик за заболување од рак на тироидната жлезда.

6. Густина на коските

Кај жените кои својата прва менструација ја добиле многу подоцна постои поголем ризик од помала густина на коските што значи и поголема можност за развој на остеопороза и кршливи коски.

7. Гинеколошко здравје

Раната и доцната појава на првата менструација обично е поврзана со нарушувањето на менструалниот циклус во подоцнежниот живот на жената, а тоа укажува на други гинеколошки проблеми, најчесто на оние кои се врзани со зачнувањето и бременоста, како и раната менопауза.

„Денес е честа појавата на полицистични јајници, кои освен нарушувањето на менструалниот циклус, вклучуваат и нарушување на бројни метаболички промени со различни манифестации и последици“, вели д-р Вишна Латин.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар