7 едноставни начини да го забрзате вашиот метаболизам

7 едноставни начини да го забрзате вашиот метаболизам

Ако веќе сте започнале да го спроведувате вашиот план за „губење“ на неколкуте килограми што ви се вишок, но и да направите нешто добро за вашето здравје, би требало најпрво да обрнете внимание на вашиот метаболизам, како процес кој влијае на двата аспекти. Во однос на тоа, ви предлагаме да ги следите овие чекори кои на многу брз и здрав начин ќе влијаат врз забрзувањето на метаболизмот.

1-7-ednostavni-nachini-so-koi-kje-go-zabrzate-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

1. Зголемете го внесувањето течности

Доколку не внесувате доволно течности во вашиот организам, тогаш ќе ви биде потребно многу повеќе време за да ги согорите калориите, односно да ги изгубите килограмите. Доколку не консумирате течности можете да го нарушите балансот кој постои во телото, поради што може да дојде и до сериозни здравствени проблеми. Потребно е во текот на денот да внесете отприлика 2 литри вода, а во течностите се вклучуваат и чаевите, па така можете секојдневно да пиете 1-2 шолји зелен чај кој одлично влијае врз забрзувањето на метаболизмот.

2. Одлучете се за органска храна

Паметно избирајте ги намирниците кои ги внесувате во вашиот организам. Одлучно кажете ѝ „не“ на ГМО храна, бидејќи е полна со додатоци кои влијаат врз зголемувањето на килограмите, но покрај тоа, сериозно го загрозуваат вашето здравје. Единствено органската, домашна храна може позитивно да влијае на вашиот организам, па секогаш таа нека биде вашиот прв избор.

2-7-ednostavni-nachini-so-koi-kje-go-zabrzate-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

3. Будете се порано

Иако ова понекогаш не е лесно сфатливо, вашиот организам работи како часовник, па треба да го „навиете“ според него. Сончевите зраци и енергијата во утринските часови поволно влијаат на вашето здравје, како и на метаболичките процеси, па ако првиот оброк ви е рано наутро, до крајот на денот ќе успеете да консумирате 5 оброци – нормално распоредени. Токму поради нив, вашиот метаболизам ќе функционира нормално и нема да доаѓа до добивање вишок килограми.

4. Обезбедете си ги потребните витамини и минерали

Важно е да водите сметка за тоа каква храна внесувате во вашиот организам, односно, дали му ги обезбедувате сите потребни витамини и минерали кои му гарантираат нормално функционирање. Ова особено важи за метаболизмот на кој секојдневно му се потребни калциум и железо, но и други кои прават неговата работа да биде забрзана и ефикасна.

5. Зголемете ја физичката активност

Не мора да значи дека тоа треба да биде тренирање во теретана, на некои справи, бидејќи е добредојдена која било физичка активност. Можеби тоа ќе биде трчање, подолго шетање или некој кардио тренинг. Најважно е да изберете нешто за себе, бидејќи ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот, но и да ги „истопите“ масните наслаги.

3-7-ednostavni-nachini-so-koi-kje-go-zabrzate-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

6. Урамнотежете ја исхраната

Важно е во текот на денот да имате 5 оброци, 3 главни и 2 ужини, а помеѓу нив да има растојание поголемо од 4 часа. На тој начин ќе му дадете доволна количина храна на вашиот организам, но и нема да претерате со јадењето, ниту пак да почувствувате глад, за при секој нареден оброк да изедете многу повеќе од тоа што е потребно.

7. Кажете им „не“ на стресот и на нервирањето

Стресот главно влијае на тоа да „навалете“ на храната, така што јадете повеќе од обично или воопшто не јадете. Ниту едно не е добро, бидејќи влијае на тоа метаболизмот да ги наруши своите функции, поточно да не ги извршува своите функции во целост или воопшто.

Доколку сакате здрав и енергичен живот, ви предлагаме да погледнете како да се чувствувате поздраво за точно 30 дена?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар