6 вистини за љубовта кои никој не сака да ги признае

Многу работи во љубовните врски се слатки, многу се и непријатни и горчливи, но за одредени работи луѓето ретко зборуваат, иако секогаш се вистинити. Ова се 6 такви.

6-vistini-za-ljubovta-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-priznae-kafepauza.mk

1. Кога ќе влезете во нова врска, може да станете личноста со која сте раскинале

Во претходната врска можеби сте биле штедливи и сте внимавале каде го трошите секој денар, но во новата тоа може да биде сосема поинаку. Ако во претходната врска вие сте се грижеле за хигиената во кујната, во новата можеби токму тоа ќе го добиете од вашиот партнер. Но, многу работи ќе бидат и со обратен тек. Затоа, бидете подготвени да давате, таму каде што не сте морале во претходната врска.

2. Едниот партнер тајно верува дека другиот ги контролира работите

Еден пример е кога партнерката верува дека каде и да оди, што и да прави, тој претходно мора да биде информиран. Друга варијанта е кога љубомората и недоволната доверба резултираат со лутење или забрана за самостојно излегување. Оваа изјава е таков пример: „Тој станува нервозен ако сум премногу долго излезена и после станува пасивно-агресивен“.

3. Не е исто да бидете пријател со некого со кого сте имале секс како со некого кој не сте го гледале на еротски начин

Љубовниците имаат тенденција да ги комплицираат разговорите. Реченици од типот „што ако…“, „само ако…“ и „кој знае?“ можат да делуваат неочекувано и несоодветно во одредени ситуации, но тие само укажуваат на фактот дека имате некоја длабока историја со таа личност која не можете да ја порекнете. Можеби тоа делува занимливо и возбудливо во книгите и филмовите, но во стварноста може да биде измачување.

4. Ако сте разговарале за тоа дека сте „само пријатели“, веројатно не сте

Пријателите не прават вакви разговори. На оние за кои не чувствувате никаква страст, немате потреба да им го кажете тоа. Кога ќе се спомне оваа тема, тогаш барем едниот има чувства за другиот, а можеби и двајцата.

5. Во секоја врска постои оној кој љуби и оној кој го дава образот

Ова е француска изрека според која, вистината за врските е дека едниот секогаш љуби повеќе и ја дава љубовта, додека другиот е оној кој треба да одлучи дали да ја прими или не.

6. Љубовта е збир од многу проблеми, но вреди да ги претрпите

Ова го знаеме, но ретко го кажуваме. Најчесто или се фокусираме на возбудата која е најприсутна на почетокот на врската или на проблемите кои доаѓаат подоцна. Некако лесно забораваме дека, како и сѐ друго во животот, ниту љубовта не е лесна, но важно е дека од неа на крајот добивте повеќе отколку што трпите.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар