5 начини да си ја подобрите концентрацијата

Една од најважните работи кои треба да ги научиме за да ја задржиме концентрацијата е дека не постои замена за она што претставува обрнувањето внимание. Можеби сите едногласно ќе се согласиме со ова, но проблемот е во тоа како да си ја подобриме способноста за фокусирање и одржување на вниманието, без разлика на средината и условите.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПетте совети од Сем Хорн, авторка на книгата „POP! Stand Out in Any Crowd“ ќе ви помогнат подобро да се концентрирате, без разлика дали работите во канцеларија каде постојано нешто се случува, учите во училиште, седите на состанок или се обидувате да завршите некаков проект.

1. Правилото +5

Секогаш кога ќе се најдете во сред работа и се почувствувате како да сакате да се откажете, едноставно направте +5. Прочитајте +5 страници, решете уште 5 задачи, вежбајте уште 5 минути. Исто како што атлетичарите ја градат својата физичка издржливост додека не се исцрпат, така вие можете да ја изградите вашата ментална издржливост додека не дојдете до степен на фрустрација.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПродолжувајќи со концентрацијата кога вашиот мозок е изморен е клуч за проширување на опсегот на вниманието и градење на ментална истрајност.

2. 1 мисла во 1 момент

Семјуел Голдвин рекол: „Ако изгледам збунето, значи размислувам“. Се чувствувате расеано? – Понудете му договор на вашиот мозок кој тој нема да може да го одбие. Да, мозокот прима спогодби. Наместо да му кажете да не се грижи за други, помалку важни работи (што ќе го натера мозокот да мисли на сè што не треба), дадете му една задача со параметри за почеток и крај.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНа пример: во следните 30 минути, од 13 до 13.30 целосно ќе се посветам на мојата презентација, за да можам добро да се покажам со овој предлог пред нашите ВИП клиенти.

Ако сè уште не можете да ги отстраните сите грижи од главата, запишете ги на вашата to-do листа и ослободени сте. Забележувањето на обврските кои ве загрижуваат ќе ви овозможи да не го користите мозокот како табла со задачи, па така ќе можете да се фокусирате на вашиот најголем приоритет.

3. Совладајте го одложувањето со 3 прашања

Не се чувствувате концентрирано? Дали ги одложувате вашите задачи или проекти на кои би требало да работите? Р.Д. Клајд рекол: Зачудувачки е колку време ни треба да завршиме нешто на кое не работиме“.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаСледниот пат кога ќе сакате да одложите некое ваше задолжение, прашајте се:

  • Дали мора да го правам ова?
  • Дали сакам да го тргнам од глава?
  • Ќе биде ли полесно подоцна?

Овие 3 прашања ќе ви дадат мотивација да се ангажирате ментално бидејќи трите факти ќе ве соочат со вистината дека задачата нема сама да исчезне и одложувањето само ќе ви ја зголеми грижата на совест и ќе направи оваа тешка задача да зема уште повеќе од вашето време и мисли.

4. Вашите раце како објективи

Замислете си го умот како фотоапарат, а вашите очи како негова леќа. Во најчест случај, нашите очи апсорбираат сè, а нашиот мозок има широко-аголен фокус. Можеме да размислуваме за многу работи истовремено, па дури и да функционираме прилично ефикасно на овој начин (на пр. често додека возиме, правиме неколку работи истовремено: ги следиме знаците, зборуваме со совозачот, бараме радиостаница итн.)5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНо, што ако треба да се подготвите за тестирање, за важна презентација или состанок и едноставно ви е потребна 100% концентрација? Поставете ги вашите дланки преку очите импровизирајќи телескоп и гледајте низ тунелот само во вашата книга, презентација или белешки за претстојниот состанок. На овој начин, она што е далеку од очите останува и далеку од умот.

Уште подобра техника би било да го применувате Павловиот експеримент и секогаш кога ќе треба да се концентрирате само покријте ги очите и сменете го фокусот од широко-аголен во телефото. На тој начин, ќе ја истренирате концентрацијата и ќе научите како самите да ја испровоцирате.

5. Гледајте како да е прв и последен пат

Како да бидете присутни тука и сега, наместо да се расфрлате на сè и сешто?5 начини да си ја подобрите концентрацијатаКога вашиот ум ќе одлета некаде далеку, погледнете околу себе и видете што ве опкружува. Проучете го цветот во вазната, набљудувајте ја сликата на ѕидот. Погледнете ги вашите најважни луѓе во животот кои често ги сфаќате здраво за готово. Вака ќе ги оживувате разните ситуации во вашиот ум и повеќе ќе ги цените работите кои се непосредно пред вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар