3 нови шик начини да носите плетенки

Плетенките се модерни цело време. Се менуваат само стиловите и начините на кои се прават, па според тоа, постојано добиваме нови шик изгледи кои едвај чекаме да ги пробаме. Овие 3 фризури всушност се прават една по друга, почнувајќи со истите чекори, така што доколку се одлучите да ги пробате, можете да појдете на работа или на факултет со една фризура, да излезете со пријателките на кафе со друга, а да се упатите на свечен коктел од работа со трета.

3 нови шик начини да носите плетенки

Плетена убавина

1. Делење на косата и заплетување – За да ја направите оваа фризура почнете со тоа што ќе нанесете мус за волумен на косата. Потоа поделете ја косата на делови точно фаќајќи ги прамените зад ушите, притоа оставајќи неколку ситни праменчиња да ви паѓаат преку лицето кои ќе ви дадат нежен секси изглед. Заплетете ги двата странични дела сосема до долу и фатете ги со тенки ластичиња.

2. Разлабавување – Почнувајќи од долниот дел, каде што плетенките се најзатегнати, нежно повлечете во ширина и продолжете нагоре. Повторете го ова со двете страни.

3. Вкрстување – Замотајте ги двете плетенки зад главата, вкрстувајќи ги и прицврстувајќи ги со шнола во боја на вашата коса, во пределот над тилот.

4. Формирање на полу-круна – Продолжете да ги замотувате плетенките околу главата. Краевите пикнете ги под должината на спротивната плетенка. Напрскајте со спреј за прицврстување и висок сјај.

Првата фризура е завршена. Можете да ја носите вака за да изгледате како принцеза или да продолжите со работа за пофанки ефект. Можете да ја доработите и подоцна, па да имате 2 различни фризури во различни периоди од денот.

3 нови шик начини да носите плетенки

Страничен плетен додаток

1. 2+ 1 – Додавањето на уште една странична француска плетенка на полу-круната што претходно ја направивте е навистина лесно и многу шик. Започнете од зад увото од едната страна. Заплетете го пуштениот дел од косата, додавајќи прамени како што ќе преминувате од едното рамо накај другото, и завршувајќи во една пуштена плетенка која ќе се спушти на едната страна.

2. Секси неуреден изглед – Откако ја завршивте и прицврстивте плетенката со ластиче, разлабавете ги прамените во ширина како што го направивте тоа и за плетенките од полу-круната. Овој изглед е бушав, а среден, многу опуштен, сладок и супершик.

3 нови шик начини да носите плетенки

Подигната и елегантна

Прилагодување за вечерни прилики – Овој стил може да го надградите уште повеќе едноставно подигнувајќи ја плетенката на спротивната страна и прицврстувајќи ја со повеќе шноли. За да ви биде ваквата фризура потрајна напрскајте ја со лак за коса, кој ќе ѝ даде и дополнителен сјај.

Овој изглед е елегантен и кул истовремено. Одличен е како кежуал варијанта, но и за поофицијални настани организирани од работа. Плус, ќе ви биде интересна промената која ќе ви се случи во текот на денот.

3 нови шик начини да носите плетенки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. S. Reply

    Инспирирано од Game of thrones 😀

  2. ivana Reply

    Мус за волумен всушност е Пена за волумен. Зборувајте македонски.

Остави коментар