3 едноставни начини да се засакате себеси во целост

3 едноставни начини да се засакате себеси во целост

Фразата „Сакајте се себеси“ во последно време многу често се користи за личниот развој и воопшто, во процесот за вклопување на човекот во рамките на општеството. Веројатно досега некој ви кажал „дека не се сакате доволно“ и поради тоа нештата не ви одат од рака. Секојдневно сме бомбардирани од инспиративни мисли и идеи, кои нè упатуваат на тоа да се сакаме себеси, да си го подобриме расположението и да ја зајакнеме самодовербата.

(1) Сите велат „Сакајте се себеси“: 3 начини полесно да го постигнете тоа

Но, сепак, многу често луѓето се прашуваат како да го постигнат тоа? Како да се засакаат себеси до таа мера, што веднаш ќе почувствуваат свежина и успех во нивниот живот? Постојат 3 главни нешта кои можат да ви помогнат лесно да се вљубите во себеси и да се чувствувате удобно во своето тело…

1. Запомнете дека вие сте си доволни и доволно добри

(2) Сите велат „Сакајте се себеси“: 3 начини полесно да го постигнете тоа

Голем број од луѓето сметаат дека не си се доволни самите на себе. Ова верување најчесто ги влече своите корени од детството и добива интензитет понатаму во текот на животот. Помислете на нештата кои си ги говорите секојдневно. Можеби си мислите дека не сте доволно убави, дека немате убава фигура, дека не сте доволно паметни или доволно успешни. Колку од овие и слични вакви мисли постојано се појавуваат во вашите глави?

Токму тука и се создава проблемот. Вашите верувања се субјективни. Ослободете се од потребата постојано да одите наоколу, носејќи ја со себе тежината на огледалото кое без престан ви вели дека не сте доволно добри и поради тоа барате почит и прифаќање од околината. На тој начин вие не функционирате какви што сте навистина, туку како ваша сенка која постојано бара одобрување за себе и своите постапки. Сфатете, вие сте доволно добри, без оглед на ситуацијата во која што се наоѓате во моментов. Ослободете се од лошите мисли и верувања и засакајте се!

2. Прифатете ги своите недостатоци

(3) Сите велат „Сакајте се себеси“: 3 начини полесно да го постигнете тоа

Секој човек има дел од себе кој го чува далеку од очите на останатиот свет, дел од кој се срами. Луѓето во текот на својот живот трошат многу енергија да ги прикријат своите несигурности и стравови. Ставаат маски за да ги покријат темните сенки на своите лица, затоа што се плашат дека околината ќе ги осудува за она што се и за маните кои ги носат со и во себе. Но, луѓето всушност не се плашат што за нив ќе кажат и помислат другите, туку тие не се сакаат доволно себеси затоа што не научиле да ги прифатат своите недостатоци.

Да се сакате себеси значи да ги прифатите своите несовршености и да не се осудувате заради нив. Тие, едноставно се дел од вас и токму тие ве прават поразлични од останатиот свет. Со обидот да ги отфрлиме и да се преправаме дека ги немаме во нас, не дозволуваме да зацарува вистинската љубов. Едноставно се залажуваме дека кога еден ден ќе исчезнат, тогаш ќе се вљубиме во себеси. Но, тоа не оди така. Прифатете ги недостатоците на ист начин како што ги гушкате вашите квалитети и предности и набрзо ќе забележите прекрасна хармонија којашто ќе ве направи да зрачите и да уживате во својот живот.

3. Бидете великодушни

(4)Сите велат „Сакајте се себеси“: 3 начини полесно да го постигнете тоа

Тоа е божествено присуство на добрина и љубов. Великодушноста го брише сето она во што претходно сме верувале за себе и за нашиот живот. Таа го победува злото, стравот и сето она што нè тера да се чувствуваме дека сме жртви – лошо и немоќно.

Треба да бидеме благодарни за сето она што го имаме и да ја пронајдеме чистата љубов во нас. Тоа ќе не воздигне од ситните и бедни идеи и верувања кои сме ги развиле за самите нас. Возвишеноста е тука за нас и ќе нè потсетува зошто треба да се сакаме и да веруваме во себеси.

Не можете да сакате други, ако не се сакате себеси

Отворајќи ги својот ум и својата душа, ние ќе дозволиме оттаму да излезат сите негативни мисли, а со нив да завладее љубов и разбирање како за себе, така и за светот. Тоа ќе ни овозможи да си дадеме една топла прегратка и да се издигнеме над просечните или лошите верувања за себе и за својот живот. Ако сакате да живеете живот полн со радост, здравје и изобилство тогаш пуштете ги сите работи кои ве влечат назад од вистинското вљубување во себе. Сакајте се и светот ќе ве сака вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар