25 едноставни добри дела со кои некому ќе можете да му го разубавите денот

Филантропијата не мора да подразбира големи дела и огромна посветеност. Понекогаш, доволно е да вложите сосема малку труд за да разубавите нечиј ден. Погледнете ги следниве 25 едноставни добри дела за кои ќе треба да посветите само малку внимание за да извлечете голема насмевка од нечие лице…

25 едноставни добри дела со кои ќе можете да го разубавите денот некому

1. Оставете ги прочитаните книги и списанија на клупа или во автобус за да може и некој друг да ужива во нив.

2. Засадете цвеќиња на некој запуштен јавен простор.

3. Соберете го ѓубрето од улица или од плажа.

4. Донирајте ја облеката што не ја носите повеќе за хуманитарни цели.

5. Поканете го на семеен ручек пријателот чие семејство живее далеку, особено за време на празниците.

6. Испратете ѝ на мајка ви огромен букет цвеќиња без никаква особена причина.

7. Соберете го ѓубрето на соседите ако видите дека го заборавиле пред врата.

8. Дајте сѐ од себе за да бидете добри и љубезни кон личноста која воопшто не ви се допаѓа. Можеби ќе откриете дека не е толку лоша колку што сте мислеле.

9. Дајте му одлична оценка на ресторанот што го обожувате.

10. Задржете го лифтот дури и да се брзате.

11. Нареден пат кога ќе нарачувате кафе за носење, почестете го човекот што чека во редот зад вас.

12. Купете сендвич за некој бездомник.

13. Споделете го вашиот чадор со непознат човек кога ќе ве фати дожд и невреме.

25 едноставни добри дела со кои ќе можете да го разубавите денот некому

14. Ако имате полна корпа во супермаркет, а човекот зад вас има само неколку производи, пуштете го пред вас.

15. Јавувајте им се почесто на вашите родители за да ги прашате како се. И не заборавајте да им кажете дека ги сакате.

16. Испраќајте рачно напишани пораки заради најмали причини, како на пример „Ти благодарам што ме ислуша вчера и ми дозволи да се ослободам од стресот, навистина ми требаше тоа“.

17. Препуштете му го паркинг местото некому, барем еднаш.

18. Дозволете им на луѓето да се пикнат преку ред, дури и да сте стигнале пред нив. Направете го тоа со насмевка на лицето.

19. Сте забележале девојка со прекрасен фустан? Дајте ѝ комплимент!

20. Оставете љубовни или забавни пораки насекаде во домот, на влезната врата, во тоалетот, на огледалото и слично. Вашите родители, партнери или цимери пријатно ќе се изненадат кога ќе дојдат дома.

21. Испратете му порака на вашиот пријател од нигде никаде и кажете му што ви се допаѓа најмногу кај него, на пример „Имаш најубава насмевка!“

22. Испратете му краток имејл на некој ваш колега или колешка во кој ќе ги пофалите за нивните успеси на работа.

23. Сте налетале на одличен келнер или продавач? Кажете му го тоа на шефот!

24. Понудете им се на туристите да ги фотографирате доколку забележите дека се мачат да направат селфи.

25. Конечно почнете да носите шише со вода за повеќе употреби. И планетата заслужува малку добрина.

Прочитајте ги и овие 26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар