10 работи кои ќе ви помогнат да останете среќни во 20-тите и 30-тите години од животот

Автор: Бојана Мандевска

Сè во животот е минливо и ни се случува со некоја причина. Предизвиците доаѓаат за да ни помогнат да пораснеме и да нè подготват за она што можеби во овој момент не можеме да го поднесеме. Кога ќе се соочиме со нив, ќе бидеме подготвени да учиме, да се менуваме, да созреваме. Сè што ни е потребно е само добра волја

Откривањето и запознавањето на себеси и на тоа што сме и што сакаме да бидеме можеби е најтешко. Откријте кои се ситниците кои ве прават среќни и уживајте во нив. Правете мали работи, но со многу љубов, бидете причина за туѓата среќа, насмевката на лицето на вашите сакани.

10 работи кои ќе ви помогнат да останете среќни во 20-тите и 30-тите години од животот

Не постои универзална формула која може да ни помогне да бидеме среќни. Но, неколку мали совети за средувањето на некои животни аспекти секогаш се добредојдени.

1. Не споредувајте го својот живот со ликови од ТВ – Зарем сето она што го гледате на филмовите и ТВ мислите дека е реално? Не! Бидете реални со самите себе. Запознајте ги своите позитивни и негативни страни и тие нека бидат вашата мерка во остварувањето на вашите желби. Споредбата со ликовите од ТВ екраните може да инспирира, но честопати знае и да биде причина за депресија.

2. Бидете благодарни за помошта од вашите родители – Иако веќе сте возрасни и имате свои примања, работа, пријателства, секогаш бидете им благодарни на вашите родители. Бидете благодарни за нивната безусловна помош, совети и поддршка кои ги добивате во животот. Најдете начин да се заблагодарите што секогаш се со вас кога ви требаат.

3. Бидете самостојни – Не дозволувајте да зависите од другите. Клучот на вашата среќа нека биде во вашите раце.

4. Ценете ја вашата слобода – 20-тите и 30-тите се години кога имате поголеми можности, избор, слобода, шанси за нови почетоци, експериментирање. Можете да започнете врска, во која ќе вложувате без притоа да чувствувате социјални притисоци како во средно училиште или на факултет. Изградете сопствени вредности, поставете цели и бидете креативни и интересни за себе. Уживајте во вашата слобода.

5. Бидете пријател – Негувајте ги старите пријателства, но не плашете се да создадете и нови. Вложувајте во пријателствата. Придобивките од тие влогови ќе ги почувствувате во текот на животот.

6. Истражете ги вашите можности – Сурфајте, читајте, разговарајте со другите, сигурно ќе добиете и слушнете некоја идеја која ќе го привлече вашето внимание. Истражувајте како можете да ја остварите таа идеја. Искористете ги предизвиците и можностите кои ги нуди животот.

7. Останете оптимисти во работата – Можеби не сте вработени или  сè уште не можете да ја најдете работата која целосно ве исполнува и одговара на вашите барања, но не разочарувајте се. Останете оптимисти. Ефективно искористувајте го времето додека барате работа и вложувајте во себе. Запишете се на некој дополнителен курс кој ќе го зголеми вашето знаење во одредена област.

8. Грижете се за сопственото здравје – Здравјето пред сè. Внимавајте и грижете се за себе и за своето здравје. Раководете се по изреката „во здраво тело здрав дух“. Грижете се за своето физичко и ментално здравје. Вежбајте го телото и умот.

9. Забавувајте се – Дружете се, излегувајте, забавувајте се колку можете повеќе. Но, тоа нека биде во границите на нормалата, не претерувајте со алкохолот.

10. Уживајте во секој момент од животот – Приликите не се чекаат, тие се создаваат. Бидете творец на вашата среќа. Уживајте во ситниците и моментите поминати со драги луѓе. Секој ден нека ви биде различен и единствен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар