10 клучни разлики помеѓу сексот од љубов и сексот од страст

Страста обично води кон љубов. И покрај тоа што физичката привлечност е најчесто првото нешто кое ги спојува паровите, врската не може да опстои само од страст. Но, дефинитивно на краток временски период може да изобилува со огромна сексуална енергија која ќе ги зближува партнерите. Од друга страна пак, љубовта побудува сосема различен вид чувства кои тој однос го издвојуваат од останатите видови секс. Па, како да откриете дали имате секс од љубов или секс од страст? Погледнете ги следниве клучни разлики…

10 клучни разлики помеѓу сексот од љубов и сексот од страст

1. Љубовниот секс вe расплакува поради емоциите кои ги чувствувате од и кон вашиот партнер. Страсниот секс ве расплакува бидејќи имате чувство дека веќе никогаш нема да зборувате со оваа личност откако делото ќе биде завршено.

2. Партнерот со кој имате секс од страст се моли да не ги оплоди вашите јајце клетки. Љубовниот партнер не се грижи за тоа бидејќи знае точно што сакате, а што не.

3. По љубовниот секс, сè што сакате е да лежите во прегратката на вашиот партнер. По страсниот секс, сè што сакате е да го прашате вашиот партнер како се презива.

4. За време на водењето љубов вие можете да бидете оние кои навистина сте. За време на страсниот секс најчесто сте фокусирани на задоволството на вашиот партнер и целосно ги занемарувате вашите потреби.

5. Сексот од страст прави да се чувствувате како да сте освоите цел. Љубовниот секс предизвикува да сакате да ја планирате вашата свадба.

6. Дури и да немате среќен крај, вие се чувствувате задоволно по водењето љубов бидејќи помеѓу вас има интимна и спиритуална поврзаност. Страсниот секс без оргазам е како дочек на Нова година без огномет: разочарувачки.

7. Има големи шанси предиграта за страсниот секс да започне во некој бар покрај алкохол. Љубовниот секс има поголеми шанси да започне на кревет со рози.

8. Доколку вашата љубовна врска заврши, вие секогаш ќе го споредувате сексот со бившиот партнер со оној со идниот. По завршувањето на страсната сексуална врска, вие сте отворени да продолжите понатаму и да задоволувате нови потреби.

9. Сексот од страст ќе ве научи на нови пози кои можете да ги користите со вашите идни партнери. За сексот од љубов нема потреба од акробации за да си поминете одлично.

10. Љубовниот секс инспирира поеми. Страсниот секс инспирира балади за раскинување.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар