Животната приказна на Ник Вујичиќ ќе ви го промени животот за 5 минути

Николас Ник Вујичиќ е роден пред 30 години во Мелбурн, Австралија. Без медицински причини и покрај тоа што неговата мајка немала никакви компликации во бременоста, Ник е роден со т.н. тетра-амелија синдром – односно без раце и без нозе. Всушност, има едно деформирано стапало, но доколку го запознаете не би се осмелиле да го наречете инвалид.

1-zhivotnata-prikazna-na-nik-vujichikj-kje-vi-go-promeni-zhivotot-za-5-minuti-kafepauza.mk

Ник е многу искрен во врска со својот живот. Тој признава дека на 13-годишна возраст се обидел да си го одземе животот како резултат на голема депресија. Но, комбинацијата од грижа на совеста и несреќата при која лошо си ја повредил ногата, сфатил дека всушност има многу што да изгуби.

На 14-годишна возраст се преселил во Калифорнија со неговите родители и на 15, како што вели, го нашол Господ, кој како да бил негов спасител.

3-zhivotnata-prikazna-na-nik-vujichikj-kje-vi-go-promeni-zhivotot-za-5-minuti-kafepauza.mk 2-zhivotnata-prikazna-na-nik-vujichikj-kje-vi-go-promeni-zhivotot-za-5-minuti-kafepauza.mk

 

„Домарот во моето средно школо ме инспирираше да почнам да зборувам за мојата судбина и да ја надминам маката кога имав 17. Зборев дузина пати пред мали групи во текот на следните 2 години. Потоа се најдов пред 300 средношколци од 10-то одделение. Бев многу напнат. Колената ми се тресеа. Во текот на првите 3 минути од моето излагање, половина од девојчињата плачеа, а повеќето момчиња се воздржуваа од изразување на своите емоции. Едно девојче особено силно липаше. Сите погледнавме во нејзе, а потоа таа крена рака и стана. Рече: ‘Длабоко се извинувам што прекинувам, но може ли да дојдам да те гушнам?’ Таа дојде, ме гушна пред сите и ми шепна на уво: ’Ти благодарам, ти благодарам, ти благодарам. Никој никогаш не ми кажал дека ме сака и дека сум убава таква каква што сум.’“

Сега тој говори пред многу поголема публика, инспирира милиони луѓе насекаде низ светот, неговите книги се бестселери, неговите видеа на Јутјуб стануваат вирални. Тој е успешен, а успехот не му недостига ни на приватен план – тој пред две години се ожени со прекрасната Канае Мијахара со која имаат син.

4-zhivotnata-prikazna-na-nik-vujichikj-kje-vi-go-promeni-zhivotot-za-5-minuti-kafepauza.mk 5-zhivotnata-prikazna-na-nik-vujichikj-kje-vi-go-promeni-zhivotot-za-5-minuti-kafepauza.mk

Сега, знаејќи малку повеќе за Ник, ви препорачуваме да го погледнете неговото инспиративно видео кое со гаранција ќе ве допре во срцето и ќе ве натера да се преиспитате себеси за својот живот, за начинот на кој размислувате и ги доживувате оние елементи од него кои ги сметате за „нефер“.

Ако Ник Вујичиќ може да се смее за животот, можете и вие. Покрај сè, Ник не само што кажува дека секој е убав на свој начин, тој е 100% во право за тоа. Па сега појдете и погледнете се себеси во огледало и запрашајте се не кого гледате туку што е она што го гледате. Одговорот би требало да биде – некој кој може да биде сакан, какви што сме сите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар