За да имате пари во куќа: 10 народни верувања за привлекување пари

За да имате пари во куќа: 10 народни верувања за привлекување пари

Начинот на кој се справувате со парите, па дури и положбата на метлата во куќата, според старите народни верувања, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.

1-za-da-imate-pari-vo-kukja-10-narodni-veruvanja-za-privlekuvanje-pari-kafepauza.mk

1. Кога да позајмувате пари и да барате покачување?

Покачување треба да барате во среда во текот на денот. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Давајте и земајте заеми наутро, затоа што какви било операции со пари кои ги извршувате навечер ќе водат до пропаст. Трудете се никогаш да не барате заем, а почесто да давате пари на оние кои од вас бараат, бидејќи така ќе го предизвикате да ви врати на друг начин.

2. Платата треба да преноќи

За парите кои сте ги заработиле да ја сакаат вашата куќа, оној ден кога ќе земете плата, немојте веднаш да трошите ниту денар од неа. Целата сума, според верувањата би требало да преноќи во вашиот дом.

3. Што не треба да се позајмува на комшија?

На комшиите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом и да отиде кај нив.

4. Куќни правила за вкупниот буџет

Пари нема да имате ако ги оставате расфрлени во соба или ги собирате трошките од масата со рака.

5. Кога џебовите носат пари?

Џебовите на облеката која ви стои во плакарот наполнете ги со книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или паднати копчиња.

2-za-da-imate-pari-vo-kukja-10-narodni-veruvanja-za-privlekuvanje-pari-kafepauza.mk

6. Старото верување за метлите

За да има пари во куќата, метлата треба да ја чувате со дршката надолу.

7. Направете триаголник од 10 денари

Во најмалата преграда на вашиот паричник чувајте пара од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да имате и среќна монета – првата заработена или добиена пара од друг. Таа пара не треба да ја трошите, таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите можат да се налутат и да не ви доаѓаат веќе во раце.

8. Секогаш чувајте пари во паричникот

Никогаш не чувајте го паричникот празен, нонстоп нека има бар по некоја пара во него. Сите пари мора да бидат наместени така што главата ќе биде свртена кон сопственикот.

9. Не крадете ја туѓата среќа

Пари од коцкање, нечесно заработени, најдени или искинати пари не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во паричникот. Поделите ги на сиромашните или брзо потрошете ги.

10. Чувајте крупни пари

Во домот треба година дена да чувате крупна пара која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува други пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар