Тест на личноста: Која врата би ја отвориле?

Врата број 3

3-test-na-lichnosta-koja-vrata-bi-ja-otvorile-kafepauza.mkСо својата необична личност лесно ги привлекувате луѓето околу себе, иако ретко на кого му дозволувате вистински да ве запознае.

Многу работи ви одат од рака. Уметнички тип сте кој се изразува на многу начини. Имате способност од ништо да направите нешто.

Базарите и продавниците за антиквитети не ви се туѓи, како ни способноста од стари и неупотребливи предмети да направите нови и интересни.

Си го цените сопствениот простор, па затоа неретко се затворате сами во него. Не заборавајте понекогаш да го напуштите вашето тајно скривалиште. Спуштете се на земјата и уживајте во животот под облаците.