Тепих од паднати есенски лисја

Улиците во Лондон се најчесто опишани како валкани, сиви и еднолични. Но овој пат, лоциран во главниот град на Англија, добил драматичен изглед, како резултат на невообичаените жешки климатски прилики и предвременото паѓање на есенските лисја.Тепих од паднати есенски лисјаНа прв поглед, оваа улица има најобичен октомвриски изглед, прекриена со стотици паднати, жолти есенски лисја. Но, кога ќе се загледате подобро, ќе забележите дека овој тепих од есенски лисја има правилни, остри впечатливи рабови и правоаголен асфалтен дел кој е тотално незасегнат од листовите.Тепих од паднати есенски лисјаВозачите и пешаците останале збунети од ваквиот изглед на улицата. Мислеле дека можеби е некој уметнички уличен проект, дизајниран за да ја разубави околината. Сепак, за ваквата појава, постои поинакво, но логично објаснување. Се смета дека експлозивниот топлотен бран, кој го зафатил Лондон во првата седмица од октомври, го омекнал овој дел од асфалтот и го направил леплив. Потоа, рано паднатите есенски лисја се вградиле во асфалтот, како резултат на притисокот од гумите на возилата. Така настанал овој фантастичен жолто-златен колаж на мајката природа. Дали оваа уметност без автор, ќе ја преживее зимата, останува на времето да покаже.Тепих од паднати есенски лисјаТепих од паднати есенски лисјаТепих од паднати есенски лисјаТепих од паднати есенски лисја

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар