Тарзан навистина постои?

Деве Ду Туи е бивши јужноафрикански службеник од обезбедување, кој решил да започне да го живее животот на фиктивниот лик Тарзан, со цел да привлече внимание кај режисерите, за да го повикаат за следниот филм.  Тарзан навистина постои?24-годишниот невработен боди билдер станал опседнат со легендата за Тарзан додека живеел во Намибија како дете. Во тој период, татко му бил колекционер на книги и стрипови  со Тарзан. Деве сега се надева дека ќе биде забележан од холивудските ловџии на таленти, кои ќе го одберат да ја глуми главната улога во следниот филм за Тарзан.Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Тој работел една година во Манчестер како обезбедувач на продавница и возач, но решил да се врати во неговата родна Јужна Африка, каде ја заменил униформата со лавовско парченце облека и решил да постане „Тарзан во реалниот живот“.Тарзан навистина постои?

Јас сум сличен на Тарзан во многу работи. Мојата најдобра пријателка е слоницата Шака и поминувам повеќе време со мајмуни, зебри и крокодили, отколку со луѓе. Луѓето може да мислат дека сум луд, но јас знам дека сум роден за да го правам ова.

Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Пред да стане Тарзан, Деве живеел заедно со неговите 53-годишни родители Лидолф и Ида и со братот близнак Рудолф во Џорџ, Јужна Африка, а сега ги поминува ноќите сам во грмушки, без да ужива во нормалните човечки неопходности. Тарзан навистина постои?Тој си направил засолниште на дрво, за да се заштити од заскитаните леопарди и змии.

Понекогаш се чувствувам осамено. Би сакал да си ја пронајдам мојата Џејн, која ќе ми помогне побрзо да ми поминува времето.“

Тарзан навистина постои?Тарзан навистина постои?Ова сингл момче, признава дека добива многу внимание од девојките, поради неговото мускулесто тело. Како и да е, тој сѐ уште го чека моментот кога ќе ја пронајде вистинската за него, која ќе ја запознае со неговите пријатели-животни. Тарзан навистина постои?

„Јас не сум тип момче кое сака да се журка. Во суштина, јас никогаш не се ни опивам. Наместо тоа, преферирам да јадам овошки и црвени зрнести плодови кои ќе ги најдам низ грмушките. Исто така, знам кои инсекти да ги јадам. Би сакал со мене да понесам специјална девојка, која ќе ми се придружи во џунглата.“

Тарзан навистина постои?Тој започнал да „тренира“ да живее како Тарзан од 2007 година и смета дека многу напреднал оттогаш. Тој дури и снимил краток филм за неговите авантури низ џунглата и се надева дека некој ќе го препознае неговиот талент и ќе му ја понуди улогата на Тарзан за големото платно. Погледнете го видеото и никако немојте да испуштите да ја изгледате последната минута. :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Ангела Reply

    Глупости. Ако сакаш да глумиш во филм оди на аудиција па ако си добар ќе те примат, а не да живееш во џунгла и некоја бајка.

  2. mihaela Reply

    more kakov e izdepiliran celiot, sumnjam deka e u dzungla od 2009god 😀

Остави коментар