Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Можеби знаете кој е вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање, но дали знаете какво значење и влијание има тој на вас? Сите скапоцени камења се прекрасни и посебни на свој начин, бидејќи сите тие кријат некаква тајна што може да открие многу за вас. Пронајдете го вашиот драг камен според месецот на раѓање и дознајте ја неговата историја…

Јануари – Гранат

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Вие сте дете на ноќта. Гранатите се користеле како медицински лек за заштита од кошмари и ноќни мори, но и како џебни помошници кои можат да ви го покажат патот и излезот од темнината. Според легендите, овие црвени убавици го чувале нивниот сопственик за време на патувањата и промените. Не заборавајте да го понесете вашиот скапоцен камен за да се заштитите од лошите хотелски услуги, проблемите со багажот и немирните патувања!

Февруари – Аметист

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Ова е најкралскиот скапоцен камен, бидејќи само луѓето со кралска крв ги носеле виолетовите камчиња со светкав сјај. Тие се сметаат за симбол на достоинство и храброст. Но, треба да го знаете и следниов факт за аметистот: Грчкиот збор „amethystos“ значи „трезен“ и во минатото луѓето ги носеле овие камења за да не се опијанат. Не е лоша идеја да го носите вашиот скапоцен камен доколку планирате да поминете вечер исполнета со пиење алкохол.

Март – Аквамарин

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Се чувствувате опуштено кога сте во вода или на морскиот брег? Тоа веројатно има некаква врска со вашиот драг камен според месецот на раѓање. Многу од морнарите во минатото носеле аквамарин за да се заштитат од немирните мориња и океанските опасности. Освен тоа, пијалаците што се правеле од вода и аквамарин во дното на чашите имале медицинска употреба, односно се користеле за заштита од заболувања на црниот дроб и се верувало дека ја подобруваат целокупната здравствена состојба.

Април – Дијамант

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Денес, дијамантите се сметаат за симбол на вечната љубов. Но, оваа идеја била искористена како маркетиншки трик за да се зголеми продажбата на дијаманти во 1930-тите години. Во антички времиња, првата асоцијација што се јавувала кога ќе се спомне овој скапоцен камен била заштитата од полудувањето. Зборот дијамант се преведува како „vajra“ на јазикот Санскрит, што значи „молња“, а знаеме дека молњата била главното оружје на боговите. Не е ни чудо што се чувствувате моќно кога носите дијаманти.

Мај – Смарагд

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Величествените зелени смарагди покрај нивната неверојатна убавина, се носеле и поради нивните исцелувачки моќи уште во периодот на античкото римско царство. Кралицата Клеопатра била толку опседната со смарагдот што тврдела дека таа е сопственичка на сите рудници со смарагд за време на нејзиното владеење. Смарагдот се смета за симбол на преродбата и обновата, поради што суеверните луѓе веруваат дека овој скапоцен камен ја зголемува плодноста. Па, доколку планирате да имате деца, знаете кој камен треба да го ставите!

Јуни – Бисер

Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање

Пред многу години, античките Грци верувале дека млечните бисери се солзите на Афродита, божицата на љубовта и убавината. Едноставни, чисти и безвременски убави, овие океански скапоцености се симбол на чистотата и скромноста.

Продолжете на следната страница за да ја откриете моќта и на останатите скапоцени камења…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар