Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум

Кристалите и скапоцените камења се многу почитувани и колекционирани поради нивната физичка убавина и монетарна вредност, а овој опал погледнат низ зрак светлина, не е исклучок од тоа. Воодушевувачкиов скапоцен камен, како и повеќето опали, се карактеризира со спектар од бои, но она што го разликува од останатите, е неговиот спектакуларен визуелен ефект. Изгледа како подводен поглед кон дно на океан, кога се гледа низ светлина. Овој скапоцен камен поседува некој надреален квалитет и личи на некаков џебен аквариум.

Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум

Ова е всушност многу редок опал од Орегон, прикажан во сува состојба. Опалите се познати по тоа што ја менуваат бојата и степенот на (не)провидност, во зависност од тоа дали се мокри или суви. Кога ќе се потопи во вода, се зголемува и неговата основна боја станува екстремно бистра, но оваа состојба се менува за неколку недели, т.е. за периодот потребен за да се исуши. На прикажаниве фотографии од страна на веб-сајтот за препродажба и аукции Inna Gem, опалот е прикажан во својата сува состојба.

Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум Спектакуларен кристал кој личи на мини-аквариум

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар