Протести со бакнување за поевтино образование

Чилеанските студенти пронашле нов и оригинален начин за протестирање против скапиот и неправеден образовен систем. Наместо да скандираат, да ги маваат факултетите со патлиџани или да прават бељи, тие решиле да спроведат мирни протести со бакнување, кои започнаа на 6 јули и сè уште траат. Со демонстрирање љубов, студентите сметаат дека ќе успеат да го разнежат срцето на чилеанскиот претседател Себастијан Пинера.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеПовеќе од 100 студенти и ученици се вклучиле во овој несекојдневно интересен протест во Сантјаго, Чиле за да се побунат против стандардите во образовниот систем и големите трошоци поврзани со него. Тие ги споија усните пред Митрополитската катедрала и на 1 септември, а минувачите морале да подзастанат за да видат што се случува. Страсната сцена ги штрекнала децата и постарите луѓе, а дел од луѓето биле пријатно изненадени и го поздравиле потегот со аплауз.

Невиниот, мирен „љубовен“ протест на чилеански студенти, на моменти бил насилен и морал да биде регулиран од страна на полицијата.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтудентите под водство на 23-годишната харизматична Камила Валејо, бараат реформи во чилеанскиот образовен систем кој создал неколку елитни факултети за богати. Поради тоа тие ја бојкотираат наставата, барајќи еднакво право на образование за сите.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образование

Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образование

На знакот кој го држат девојките пишува: „Продавам бакнежи за да платам за мојата школарина.“

Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образование

На знакот кој го држи овој пар пишува: „Љубовта е бесплатна, образованието не е.“

Студентите изјавиле дека протестот со бакнување т.н. „Kiss Party“ е само еден дел од нивните напори за трајна промена на образовниот систем во земјата.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар