Преубаво кратко писмо со сочувство напишано од Семјуел Бекет

Само две реченици му биле доволни на големиот мајстор Семјуел Бекет да го изрази своето сочувство кон пријателот Алан Шнајдер, драмски режисер, кога го загубил својот татко.

(1) Преубаво кратко писмо со сочувство напишано од Семјуел Бекет

Драг Алан,

Ја разбирам твојата тага и разбирам дека оние кои се во наша ситуација не можат да најдат олеснување во зборовите на разумот и дека во секое ветување дека тагата ќе избледнее наоѓаме уште повеќе тага. Затоа ти ги давам само моите срдечни и сочувствени мисли и ти посакувам никогаш да не те напушти онаа чудна работа, што и да е, која ни дава сила да продолжиме да живееме понатаму со нашите рани.

Твој,

Сем

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар