Поучна приказна: Уште 5 минути...

Поучна приказна: Уште 5 минути…

Еден ден, една жена седнала покрај маж на клупа во парк. Тие биле во близина на детско игралиште. Ене го мојот син, рекла таа покажувајќи кон малото момче во црвената маичка кое се лизгало на тобоган. Слатко момче, рекол мажот. Мојата ќерка е на велосипедот во белиот фустан.

Поучна приказна: Уште 5 минути...

Во тој момент, мажот гледајќи во својот саат ја повикал ќерка му. Што велиш на идејата да си одиме, Мимоза?“ Таа застанала на момент и го замолила својот татко, Уште 5 минути тато. Те молам? Само уште 5 минути. Мажот кимнал и таа продолжила да го вози својот велосипед. По некое време тој станал и повторно ја повикал својата ќерка, но од неа го добил истиот одговор. Само уште 5 минути… Тој повторно се насмевнал и се согласил.

Вие сте многу трпелив татко, му рекла жената.

На тоа мажот одговорил: Нејзиниот постар брат, Тино, почина минатата година додека возеше велосипед во близина. Го удри пијан шофер. Јас не поминував доволно време со мојот син и сега би дал сè само за уште 5 минути со него. Токму затоа и се заколнав дека нема да го направам истото со Мимоза. Таа мисли дека има уште 5 минути возење велосипед, но вистината е дека јас имам уште 5 минути плус да ја гледам како игра.

Поука: Животот зависи од одредувањето приоритети, а семејството е единствениот приоритет кој мора да се најде на врвот. Токму затоа поминувајте колку што е можно повеќе време со вашите љубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар