Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Што би направиле кога би сакале да имате деверици на вашата свадба, но немате блиски пријателки? Ќе ги поканите вашите другари, се разбира! Токму тоа го направила 24-годишната Ребека од Бразил и мора да признаеме дека станува збор за одлична идеја!

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

„Се сетив на оваа идеја една недела пред венчавката. Гледав фотографии од невести со нивните пријателки, облечени во бањарки, како се смеат и пијат шампањ и малку се натажив, бидејќи јас не можев да направам ништо од тоа“, открила Ребека.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Ребека студира компјутерско инженерство и е една од четирите девојки во клас со 60 студенти, па затоа не е ни чудно што таа се спријателила само со мажи за време на нејзините студии.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

„Фотосесијата беше многу забавна. Се сликавме и пиевме евтин алкохол. Се смеевме толку многу што неколку пати моравме да прекинеме и да се смириме за да можете да продолжиме со фотографирањето“, изјавила невестата.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Ребека ги споделила нејзините свадбени фотографии на Фејсбук и целиот виртуелен свет се заљуби во нејзината досетлива и слатка идеја.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

„Многу сум задоволна од фотографиите. Понекогаш ги разгледувам и одеднаш почнувам хистерично да се смеам. Никогаш не помислив дека ќе станат толку популарни на Интернет“, признала Ребека.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Што мислите за оваа идеја? Дали би ги замениле класичните деверици со вашите најдобри другари? Доколку се осмелите да го направите истото, можеби ќе наидете на осудувања од страна на традиционалните поединци, но барем ќе знаете дека урнебесната смеа ви е загарантирана.

Оваа невеста немала пријателки, па затоа нејзините другари ја преземале улогата на деверици

Прочитајте ги и овие 10 бизарни барања на една невеста до нејзините идни деверици.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар