Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

Повеќето, ако не и сите, сте доживеале некоја случајност во вашиот живот. Можеби сте рекле нешто во исто време со некој друг или пак сте се сретнале со некој стар пријател на некое неочекувано место. Освен овие мали случајности, постојат и такви на кои едноставно тешко ви е да им поверувате. Во продолжение погледнете неколку такви примери.

1. Одвоени близнаци со речиси идентични животи

Еден пар близнаци од Охајо биле разделени по раѓањето и израснати без да знаат за постоењето на другиот. Сепак, нивните животи вклучувале многу чудни случајности. Тие се викале Џејмс, биле полициски офицери и најчудното од сè е тоа што и двајцата се ожениле со жена по име Линда. Но, тоа не е сѐ. Секој од нив имал син, едниот наречен Џејмс Аллан, а другиот Џејмс Алан, а исто така и двајцата имале куче наречено Тој. Браќата подоцна се развеле со своите жени и повторно стапиле во брак, но овој пат со жени што се викаат Бети.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

2. Дали Едгар Алан По имал временска машина?

Некои луѓе навистина веруваат дека Едгар Алан По имал временска машина. Како поинаку тој би знаел за еден настан речиси половина век пред истиот да се случи? Имено, во својата книга „Авантурите на Артур Гордон Пим“, авторот опишува како четири морнари кои го преживеале потонувањето на нивниот брод биле принудени да го јадат момчето по име Ричард Паркер. Иако По тврдел дека приказната се базирала на вистински настани, тоа не било сосема точно. 46 години подоцна, сепак, еден брод навистина потонал и членовите на екипажот, кои биле спасени, биле принудени да јадат некое момче со цел да преживеат. Сигурно го претпоставувате неговото име, тој се викал Ричард Паркер!

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

3. Марк Твен ја предвидел својата смрт

Дали познатиот писател Марк Твен ја предвидел својата смрт? Доколку не верувате во тоа, тогаш следниве информации се голема случајност. Тој бил роден во 1835 година, кога Халеевата комета поминувала покрај Земјата. Таа поминува еднаш на околу 76 години, а Твен предвидел дека ќе умре следниот пат кога таа ќе биде видлива. „Дојдов со Халеевата комета во 1835 година“, вели тој во 1909 година. „Таа доаѓа повторно наредната година, па очекувам и да заминам со неа.“ Писателот починал на денот на нејзиното поминување во 1910 година.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

4. Жена која не потонува

Во зависност од тоа како гледате на работите, Виолет Џесап може да ви изгледа како среќна дама или како жена која ја следи лоша судбина. Стјуардесата и медицинска сестра се наоѓала на бродот HMS Olympic кога тој бил погоден од бродот за војни HMS Hawke, била на брод кога тој потонал по допир со мина во морето, а исто така патувала и со Титаник кога тој потонал по погодување на санта мраз во Северниот Атлантик. Не е воопшто чудно што подоцна била нарекувана Госпоѓа Непотонлива!

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

5. Случајот за Ентони Хопкинс и прилично ретката книга

Кога Ентони Хопкинс се подготвувал за неговата улога за „Девојката од Петровка“, тој сакал да пронајде верзија од книгата (напишана од Џорџ Фејфер), за да може да ја проучи пред да започне снимањето. Но, каде и да барал, не можел да пронајде копија од книгата, сѐ до еден ден, кога додека седел на метрото, тој пронашол копија во вагонот во којшто се возел. Но, ова не е крајот, затоа што кога Хопкинс подоцна го запознал авторот, Фејфер, тој му рекол дека исто така нема копија од книгата. Зошто? Затоа што последната што ја имал му ја позајмил на некој пријател кој случајно ја изгубил во метрото!

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

6. Коинциденција или реинкарнација?

Основачот на компанијата Ферари, Енцо Ферари, умрел на 14 август 1988 година. Подоцна, на 15 октомври бил роден Месут Езил, фудбалер кој игра во Арсенал. Погледнете ги нивните слики една до друга. Голема случајност или доказ за реинкарнација? Одлучете вие!

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

7. Симпсонови предвидоа дека Трамп ќе биде претседател уште во 2000 година

Симпсоновите се познати по нивните предвидувања, но можеби најимпресивното предвидување од сите досега е дека Доналд Трамп ќе стане претседател. Иако никој не го согледуваше тоа, Симпсоновите дефинитивно успеаја уште во 2000 година.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

8. Човекот кој го предвидел потонувањето на Титаник

14 години пред потонувањето на Титаник, во 1898 година, Морган Робертсон пишувал за еден брод кој ќе потоне. Бродот во книгата бил наречен Титан, но тоа не е крајот на случајностите. На пример, како и вистинскиот Титаник, Титан бил опишан како брод кој не потонува. И двата немале доволно чамци за спасување, а и двата се судриле со санта мраз во Северниот Атлантик.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

9. Чудните случајности помеѓу Линколн и Кенеди

Двајцата американски претседатели по име Абрахам Линколн и Џон Кенеди, делат многу случајности. И двајцата биле убиени од прострелни рани во задниот дел од главата, двајцата починале во петок и пред прослава (Кенеди бил убиен во пресрет на Денот на благодарноста, додека пак Линколн пред Велигден), а исто така секој од нив бил придружуван со својата сопруга и други парови. Но, има уште! И двајцата имале пријател наречен Били Грејам, двајцата имале четири деца, секретарки наречени според нив (секретарката на Кенеди била наречена госпоѓа Линколн, додека пак секретарката на Линколн била наречена Џон), а нивните наследници биле потпретседатели наречени Џонсон.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

10. Холандскиот велосипедист кој избегнал две авионски несреќи

Верувале или не, еден холандски велосипедист избегнал не една, туку две големи авионски несреќи во неговиот живот. Најпрво, тој одлучил да го промени својот лет и да патува еден час порано, а исто така требало да биде и во авионот кој во 2014 година се урнал над Украина, пред да се одлучи да го промени летот со цел да заштеди пари.

Неверојатни случајности за кои тешко е да поверувате дека навистина се случиле

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар