Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете?

Овој познат невербален тест на проекција бил дизајниран во 1935 година од страна на славниот психијатар од Унгарија, Леополд Сондијев, кој во тоа време бил исто толку познат како Фројд и Јунг. Целта на овој тест било да се истражат најдлабоките потиснати импулси кои личноста ги темели на аверзија предизвикана од специфични фотографии на психопати, садисти и други луѓе со различни класификации нарушувања на мозокот. Тестот се темели на општото сфаќање дека особините кои нам ни сметаат кај другите се истите оние кои ни изразуваат непријатност и во себе, па токму затоа и сме ги потиснале.

(0) Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете?

Пред да преминете на тестот, погледнете ги следниве термини од областа на психологијата кои ќе ви помогнат при разбирање на вашите резултати од тестот:

Потиснување: Според психоаналитичките концепти, ова е најважниот психолошки одбранбен механизам кој сите ние го поседуваме. Неговата најважна функција е да пренесува мисли и желби кои ни предизвикуваат непријатност во нашата несвесност.

Негирање: Тоа е ментален процес со кои целосно ги одбиваме нашите најдлабоки пориви, односно оние нешта кои ги посакуваме, така што преземаме социјално пожелно однесување.

Инструкции:

Погледнете ги портретите на овие 8 личности и одберете го оној кој најмалку би сакале да го сретнете за време на ноќта, бидејќи тој/таа ви предизвикува гадење и страв во вас. Откако ќе одберете лик, продолжете на следната страна за да ги прочитате вашите резултати. Исто така, имајте на ум дека овие резултати не водат кон фактот дека имате некакво ментално нарушување, туку тестот е дизајниран со цел да се донесе претпоставка за можните потиснати импулси во вас кои се во склад со теоријата на психоанализата.

Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар