Интересни мотивациски цитати кои ќе ве насмеат

Понекогаш кога се чувствувате лошо, сè што ви треба е некој да ве мотивира или насмее. Ако ви треба причина да бидете активни и да станете подобра верзија од себеси, прочитајте ги овие цитати кои покрај тоа што ќе ве мотивираат, ќе ве насмеат и расположат.

Интересни мотивациски цитати кои ќе ве насмеат

„Луѓето често велат дека мотивацијата не трае долго, но не трае ни туширањето, па затоа се препорачува да се практикува секој ден.“ – Зиг Зиглар

„Работејќи чесно по 8 часа на ден, може да станете шеф и да работите по 12.“ – Роберт Фрост

„Ќе го дочекате и денот кога за првпат вистински ќе се насмеете – на своја сметка.“ – Етел Баримор

„Толку сум паметен што понекогаш не разбирам ни еден збор од она што го кажувам.“ – Оскар Вајлд

„Чистата совест е вистински знак дека имате лошо памтење.“ – Непознат автор

„Секогаш знај дека ти си единствен. Исто како и сите други.“ – Непознат автор

„Ако секогаш ја погодувате целта, тогаш таа е или премногу блиску или премногу голема.“ – Том Хиршвилд

„Јас сум идеалист. Не знам каде одам, но на пат сум.“ – Карл Санбург

„Не ги мешајте славата и успехот. Мадона е првото, Хелен Келер е второто.“ – Ерма Бумбек

„Неверојатно е што може човек да постигне ако не се грижи кој ќе ја добие заслугата.“ – Хари Труман

„Едно време мислев дека сум неодлучен, но сега не сум толку сигурен.“ – Непознат автор

„Дај ми обичен службеник со цели во животот и ќе го претворам во човек кој ќе влезе во историјата. Дај ми човек без цели и ќе ти го вратам како обичен службеник.“ – Џ. K. Пени

„Најважно е најважната работа да остане најважна.“ – германска поговорка

„Ако не управувате со сопствениот живот, тогаш некој друг ќе управува.“ – Џон Аткинсон

„Еве еден тест како да знаете дали вашата мисија на земјата е завршена: aко сте сè уште живи, тогаш не е.“ – Ричард Бах

„Кучињата имаат сопственик, мачките имаат свој персонал. Дали си куче или мачка?“ – Непознат автор

„Ако не знаете каде одите, може ветерот да ве одведе на погрешно место.“ – Јоги Бера

„Кога ќе посегнете по ѕвездите, може нема да ги фатите, но барем нема да завршите со кал во рацете.“ – Лио Бурнет

„Визија без акција е само сонување со отворени очи. Акција без визија е кошмар.“ – Јапонска поговорка

„Не можете да имате сè. Каде би го ставиле?“ – Стивен Рајт

„Чувствувајте се лошо или мотивирајте се себеси. Што и направите, секогаш е ваш избор.“ – Вејн Даер

„Овие мотивациски видеа навистина ме инспирираа! Ќе заработам милион долари, ќе си купам сопствена компанија и рано ќе се пензионирам. Потоа, ќе напишам книга и симфонија и целата заработка ќе ја донирам за хуманитарни цели. Наредниот месец ќе смислам како ќе го сторам сето тоа.“ – Ренди Гласбергер

„Размислував колку би ми било полесно ако имав некој зад себе кој постојано би ме мотивирал. Никој не застана зад мене па одлучив јас самиот да бидам тој човек.“ – Непознат автор



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар