Инспиративни и револуционерни цитати од Нелсон Мандела

Нелсон Мандела, поранешниот претседател на Јужноафриканската република почина на возраст од 95 години на 5 декември 2013 година по долгата борба со серија болести. Тој беше огромна инспирација за светот и сите ние долго ќе го паметиме по неговите дела, како и по неговите револуционерни зборови.

Инспиративни и револуционерни цитати од Нелсон Мандела

„Добра глава и добро срце се секогаш извонредна комбинација.“

„Страста не може да се најде играјќи на мало – помирувајќи се со живот кој е помалку од оној кој сте способни да го живеете.“

„Да се биде слободен не значи да се ослободите од нечии синџири, туку да живеете на начин кој ја почитува и подобрува слободата на другите.“

„Секогаш изгледа невозможно сè додека не се заврши.“

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку триумф врз него. Храбриот човек не е оној кој не се чувствува исплашено, туку оној кој го совладал стравот.“

Инспиративни и револуционерни цитати од Нелсон Мандела

„Нема ништо како враќање на место кое останало непроменето за да ги забележите начините на кои вие самите сте се промениле.“

„Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.“

„Откако ќе се искачи на најголемиот рид, човек само открива дека има уште многу други ридови за искачување.“

„Во мојата држава прво се оди во затвор, а потоа се станува претседател.“

„Нека има работа, леб, вода и сол за сите.“

Инспиративни и револуционерни цитати од Нелсон Мандела

„Запознајте го својот непријател и дознајте кој му е омилениот спорт.“

„Не ме проценувајте по мојот успех, проценувајте ме по тоа колку пати сум паднал и потоа повторно сум станал.“

„Кога на човек ќе му го одземеш правото да го живее животот во кој тој верува, нема друг избор освен да стане одметник.“

„Огорченоста е како отров кој вие го пиете, а се надевате дека ќе ги убие вашите непријатели.“

„Никој не се родил мразејќи друга личност поради бојата на кожата, нејзината историја или религија. Луѓето мора да научат да мразат и ако тие навистина научат да мразат, тогаш можат да научат и да сакаат, бидејќи љубовта во човековото срце доаѓа многу поприродно од нејзината спротивност.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар