Азиски острови кои треба да се на листата на секој сонувач и авантурист

Трагачи по адреналин, мир и љубители на егзотични далечни предели, ова е листа на азиски острови кои навистина вреди да се посетат. Тука сечиј вкус може да биде задоволен.

Островите Гили, Индонезија

1-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

На овие острови нема автомобили, па затоа можете слободно да се релаксирате во многуте ресторани кои ги има за сечии џеб и вкус.

Доколку сакате авантура, ова е вистинското место – нуркајте и истражувајте, но имајте на ум дека локалите се заштитени поради еколошките штети кои човекот ги нанесува.

Островот Боракаи, Филипини

2-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Овој остров ги има едни од најдобрите плажи на светот кои секогаш крадат воздишки. Една од нив е Белата плажа, чиј песок ќе ви даде чувство како да газите по бебешка пудра.

Овде има за секого по нешто, од авантуристички места до релаксирачки и луксузни хотели.

Островите Пи Пи, Тајланд

3-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Островската групација се состои од два острова кои всушност ќе останеа мирни и неоткриени места доколку таму не се снимеше филмот „The Beach“ со Леонардо Дикаприо. Во филмот жителите на островот ги избегнуваа дојденците со цел да го заштитат, но не грижете се, во реалноста не е така. Жителите со задоволство ќе ви ги покажат големите тропски ајкули и безопасните гребенски ајкули-црноперки.

Островот Хавелок, Амаданските острови, Индија

4-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Ова е најголемиот Амаданските острови и не е населен. Местото е рај за морските ентузијасти затоа што тука тие ќе можат да нуркаат и да истражуваат. Хавелок е едно од ретките места кое го подржува еко-туризмот.

Островот Фукуок, Виетнам

5-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Вистинско чудо е што најголемиот остров на Виетнам кој речиси е колку Сингапур е скриен дијамант за оние кои копнеат по бегство во рајот. Ова е одлично место за релаксација, мир и тишина по неразвиените плажи на островот.

Кох Липе, Тајланд

6-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Ова е најмалиот остров од сите острови на Тајланд кој можете да го изодите целиот за еден час. Она што ви нуди островот е нуркање и можност да стигнете до другите острови со пливање. Забавно, зар не?

Лнагкави, Малезија

7-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Како дел од 100 острови, Лангкави е скапоцениот камен меѓу оние кои лежат во Андаманското море. Изобилува со богата флора и фауна и е заштитен од УНЕСКО како светски гео-парк. Овој еко-парк најдобро може да се види од големиот мост Лангкави Скај.

Бали, Индонезија

8-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Ако ви треба квалитетен одмор тогаш ова е правото место. Можете да одите на јога и медитација и да ги посетувате храмовите. Настрана од ваквите активности, можете и да ги истражувате шумските и вулкански планини, да ги посетите плантажите со ориз и да го разгледате морскиот свет.

Островот Кох Тао, Тајланд

9-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Во заливот на Тајланд на овој остров можете да уживате на сонцето, да шетате по песочните плажи и да ги истражувате ридовите. За поголемите авантуристи има предизвик да нуркаат во заливот каде има изобилство од големи тропски ајкули и замбези ајкули.

Островот Џеџу, Јужна Кореа

10-Aziski-ostrovi-koi-treba-da-se-na-listata-na-sekoj-avanturist-i-sonuvach-kazepauza.mk

Едно до седумте светски чуда во 2011 година и место заштитено од УНЕСКО. Дестинација каде можете да ја истражувате богатата природа како и највисоката планина која воедно е и активен вулкан – Халасан. Но, овој остров нуди нешто што претходните не го нудат – посета на „Loveland“, паркот за возрасни каде ќе имате навистина добра забава.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар