8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаеле

Ви ги издвојуваме 8-те најинтересни и малку бизарни факти за веѓите кои има големи шанси досега да не сте ги чуле. Со оглед на тоа што тие се една од главните знаци за убавина, овие факти можат добро да ви дојдат и во нивното понатамошно негување.

(1) 8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаеле

1. И веѓите можат да имаат локни

Понекогаш може да се случи и веѓите да добијат виткана форма, исто како и кај косата. Ова се случува кај оние кои имаат природно кадрава или брановидна коса, но неретко се појавува и кај оние со рамна. Доколку сакате да ја намалите нивната појава, вие треба да ги отстранувате влакната во правецот кон кој растат.

2. Тие се поактивни за време на летото

Влакненцата кои ги чинат веѓите растат многу побрзо за време на летото, најмногу поради топлото време и фактот што и ние сме поактивни во овој дел од годината. За време на зимата тие растат многу побавно, па затоа и ви делува како повеќе да се средени.

3. Веѓите можат да ви овозможат подобар вид

Обликот на челната коска, како и самите веѓи, имаат уникатен дизајн со цел да го задржат дождот, влагата и потта подалеку од очите, правејќи го нашиот вид секогаш јасен.

4. Мона Лиза нема веѓи

Никогаш не сте размислувале за тоа, зар не? Само замислите колку туристи ја фотографирале оваа позната слика без притоа да го забележат овој интересен факт. Постои еден извештај од 2007 година каде што се претпоставува дека Леонардо да Винчи или намерно ги изоставил веѓите или пак, тие случајно биле отстранети за време на чистењето на сликата.

(3) 8 интересни факти за веѓите кои можеби досега не сте ги знаеле

5. Гелот за веѓи не бил отсекогаш хит

Гелот е модерен од неодамна бидејќи денешните веѓи се средена верзија од дебелите и густи веѓи кои биле хит во 80-тите. Порано се користела невидлива маскара со цел да се задржат веѓите на своето место, додека денес постојат најразлични специјални производи кои меѓу другото се и водоотпорни.

6. Веѓите не го менуваат обликот на лицето

Но, тие без сомнение им даваат на луѓето впечаток за нашето расположение. Дали сме среќни, лути, изненадени? Нивната задача е да го дополнат начинот на кој однатре се чувствуваме.

7. Споените веѓи порано биле знак за интелигенција

Во многу култури за време на историјата, споените веѓи поттикнувале огромна почит.

8. Стресот влијае врз растот на веѓите

Стресот може да влијае врз брзината со која ви растат веѓите, како и дали тие воопшто ќе растат.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар