7 интересни теории на заговор кои се покажале како вистина

7 интересни теории на заговор кои се покажале како вистина

Автор: Димитар Филевски

Луѓето секогаш ги интересирале теориите на заговор. Тие, понекогаш целосни измислици, понекогаш неверојатни вистини, го интригираат човековиот ум, ја разгоруваат неговата фантазија и за оние со поотворен ум претставуваат вистинска мисловна вежба, поставувајќи си го прашањето: Што ако тоа е вистина? Затоа теориите за вонземјаните од Рузвелт, или тајните летечки објекти на нацистите, или тајните светски друштва како Масоните и Илуминатите, отсекогаш привлекувале внимание и интерес кај луѓето. Иако некои од нив никогаш нема да бидат целосно докажани како реални, сепак постојат неколку теории на заговор кои сепак на крајот се покажале како вистина.

7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

Еве неколку конспирации кои всушност вистински се случиле:

1. Бизнис заговор

ПЛАНОТ:

За време на 1933 г. врз мајор-генералот Смедли Батлер бил направен обид да биде врбуван од страна на неколку богати американски бизнисмени, кои заговарале да создадат фашистичка организација на ветерани и после тоа да ја искористат во воен удар врз претседателот на САД, Френклин Рузвелт, на чело со Батлер.

1-7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

ШТО ПОТОА?

Всушност превратот не успеал и покрај режираните инциденти, а мајор-генералот Смедли Батлер како поддржувач на делото на Рузвелт излегол да сведочи пред Специјална комисија за против-американски активности каде всушност и ги предава бизнисмените на американските власти. Иако комисијата потврдила дека неговите тврдења се вистинити и дека имало планиран преврат врз претседателот, сепак никој од посочените бизнисмени никогаш не бил обвинет. Се посочува низ други документи дека сите тие имале некакви бизнис врски со тогашна нацистичка Германија.

2. Заговор за убиството на Хитлер

ПЛАНОТ:

При крајот на Втората светска војна Германија трпи порази на сите фронтови. На сите нацистички генерали им е јасно дека крајот на Рајхот се ближи. Повеќето од нив ја насетуваат и судбината на Германците доколку не се постигне мир со Сојузничките воени сили – смрт на милиони германски граѓани и тотален распад на сето она што досега е постигнато. Единствено Хитлер се чини не е свесен за тоа и упорно ја турка Германија во војна до смрт. Затоа Полковник Хенинг фон Трештков го убедува полковник Клаус фон Штауфенберг да се вклучи во конспирацијата во 1944 г.

Планот за соборувањето на Хитлер и неговите офицери бил наречен операција Валкириа.

2-7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

ШТО ПОТОА?

Во јули ,1944 г., Штауфенберг бил повишен и веќе можел да разгледува воени стратегии и планови лично со Хитлер. Штауфенберг за време на средбите со Хилер неколкупати имал шанса го убие со куфер-бомба, но постојано го одложувал атентатот сѐ со цел да дочека момент кога заедно со Хитлер ќе бидат и неговите најверни поддржувачи – Херман Геринг и Хајнрих Химлер. Во крајна сметка, на 20-ти јули била спроведена операцијата Валкириа. Бомба во куфер експлодирала во конференциската сала на Хитлер во објектот Волчјо Дувло. Но, Хитлер поминал само со неколку полесни повреди.

Штауфенберг избегал од Волчјо Дувло во Берлин, штом сознал дека неговиот обид за убиство не успеал, а останатите членови на операција Валкириа, еден по еден извршиле самоубиства за да не паднат во рацете на Гестапо, а оние кои биле откриени биле веднаш егзекутирани.

3. Операција Ајакс

Со години Англичаните и Ирачаните соработуваат во полето на нафтената индустрија. Ирачаните ѝ продаваат нафта на Англија по ниски цени, а за сметка на тоа Англија го подржува Иран во неговата желба за регионална доминација. Сето тоа се променува кога на демократските избори во Иран во 1951 г., иранскиот парламент го избира Мохамед Мосадег за премиер на земјата. Тој во својство на претставник на народот решава да ја национализира Англо-Иранската нафтена компанија која повеќе нема да продава нафта никому по пониски цени. Сето тоа не им оди во корист на Англичаните, кои решаваат да го турнат од власт непокорниот премиер.

ПЛАНОТ:

Англичаните заедно со Американците создаваат план, наречен Операција Ајакс, со кој ќе се бутне од власт новиот премиер, во земјата ќе се донесе нова прозападна монархија и одново Шахот ќе застане на челото на Иран. Тајните служби на САД и Велика Британија, ЦИА и МИ6, ќе започнат со внесување војска, обука на борци, пари за поткупи и нелегални активности во Иран.

3-7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

ШТО ПОТОА?

Како што бил планот, владата на Мосадег паѓа, и на негово место како татко на нацијата седнува одново прозападно ориентиран Шах. Иран станува одново само кукла во рацете на западните сили кои продолжуваат да ја искористуваат богатата со нафта земја и да го експлоатираат населението како евтина работна сила. Новиот Шах ја укинува демократијата и воведува монархија, проследено со секакво губење на човековите права, но сето тоа останува незабележано од будните очи на нивните западни поборници за човекови права во САД и Британија кои сега веќе во новиот Шах имаат верен сојузник.

Сето тоа продолжило сѐ до 1979 година кога доаѓа до востание во Иран, направен е преврат, монархијата паѓа одново, и на нејзино место доаѓа создавањето на исламската република Иран која од тогаш е антизападно расположена и до-ден денешен е во постојан конфликт и блокади од САД и Западните сили.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар