27 причини зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците

27 причини зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците

Постојат одредени ситуации каде што одредени луѓе постојано доживуваат хорор, без разлика колку пати се навратиле на нив. Јавниот превоз е една од овие ситуации за хипохондриците. Нивната потреба за чистота и страв од бактерии и вируси кои изобилуваат на малите и затворени места со голем број луѓе ги извлекуваат најголемите кошмари од нив, правејќи го возењето со јавен превоз една од најтешките нешта кои ги направиле во својот живот…

27 причини зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците

1. Без разлика на ситуацијата, вие секогаш носите гел за дезинфекција на рацете. Дури и да не сте допреле ништо, вие сепак го употребувате по возењето со јавниот превоз.

2. Пред да седнете, поминувате со задниот дел од вашата рака на седиштето за да се погрижите дека е чисто. И суво.

3. Имате смртоносен поглед кон онаа личност која кашла или кива во ваша насока. Всушност, вашиот поглед е толку злобен, што некој би помислил дека навистина сте способни за убиство.

4. Вие навистина ги мразите непознатите патници кои се возат додека се болни. Постои разлика помеѓу јавен превоз и амбулантно возило.

5. Ќе направите сè што е во ваша моќ за да не допрете ништо или никого. Токму затоа и се потпирате врз вашите лакти со цел безбедно да пристигнете до вратата за излез.

6. Летото е најужасното време за возење со јавен превоз. Со оглед на тоа колку сите се потат, вие понекогаш сте подготвени да ја запалите целата ваша облека доколку се сомневате дека имате туѓа пот врз неа.

7. Често мечтаете за различните начини на кои можете ефективно да ги дезинфицирате автобусите и возовите. Доколку тоа би се остварило, вие инстантно би се нашле во рајот.

8. Ако видите некој како јаде во јавниот превоз, сигурно првото нешто што ќе го помислите е како тие внесуваат стомачен вирус во своето тело. Токму затоа и не се двоумите да им посакате среќа пред да се разделите.

9. Одбивате да ги сместите нештата кои ги носите на кое било друго место освен во вашиот скут. Вие не можете ни да ги гледате оние кои ги спуштаат торбите на подот.

10. Попрво би паднале на подот, отколку да се задржите за нешто кое сите луѓе го допираат. А доколку тоа навистина се случи, и вие паднете на подот, веднаш ќе застанете на ред за туширање – онаму каде што ги мијат автомобилите.

11. Што ќе се случи ако ви падне мобилниот на подот? Време е за нов мобилен…

12. Вие без срам ќе се преместите на друго седиште доколку некој покрај вас претерано многу си го допира лицето. Или доколку делува како да има настинка.

13. Вие сте едни од оние луѓе кои немаат проблем со носење медицинска маска во јавноста. Сезоната на грипот не е шега! Исто така избегнувате и да дишете со отворена уста бидејќи не сакате да голтнете бактерии од оние кои се возат покрај вас.

14. Имате совладано неверојатно многу „јога“ пози кои ви помагаат да стоите балансирано без притоа да мора да се држите за ништо. Сите се чудат на вашата рамнотежа.

15. Зимата е вашето омилено време од годината. Најмногу бидејќи можете постојано да носите ракавици без притоа никој да ве гледа чудно.

16. Има големи шанси да сте се возеле во различни вагони за време на едно патување со воз. Недостатокот на чистота ве терало да се префрлате од еден во друг вагон неколку пати.

17. Не можете да поднесете кога луѓето си ги грицкаат ноктите. Доколку некој тоа го прави подолго време пред вас, вие без контрола ќе извикате „Така започнуваат епидемиите!“

18. Кога ќе видите како некое дете ги става своите раце во уста, а потоа ги допира седиштата, не можете да не помислите кој го пуштил овој одвратен ѕвер да влезе внатре. И тоа продолжува со својата активност, а вие доживувате внатрешен хорор.

19. Се тресете од помислата дека безброј задници седеле на истото место каде што сте сега вие. И не можете долго време да се смирите по оваа мисла.

20. Откако ќе излезете од јавниот превоз, вие вдишувате силно чист воздух и се радувате што сте преживеале уште едно возење со автобус или воз. Исто така пресреќни сте што не мора да го повторите ова набрзо…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар