16 најстари зачувани примери на секојдневни предмети

Автор: Маја Линкова

Во денешно време уживаме во многу нови технологии, но голем број од работите кои ги користиме денес, се користеле со векови. Можеби древните луѓе не биле во можност да пишуваат пораки или да објават „селфи“, но тие уживале во секојдневните предмети како што се тоалетите, гумата за џвакање и убавите чанти.

Одлучивме да направиме подолга листа на најстари примери на секојдневни предмети. Имајте на ум дека ова се најстарите зачувани примери. Можно е многу од нив да постоеле и претходно или пак се знае дека постоеле многу порано.

1. Најстарите чорапи (стари 1.500 години)

Овие египетски волнени чорапи, дизајнирани да се носат со сандали, биле сплетени помеѓу 300 и 499 година од н.е. Биле пронајдени во 19 век.

1-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

2. Најстариот пишан рецепт (стар 5.000 години)

Станува збор за сумериски рецепт за пиво кој датира од 3000 година пред н.е. Пивото од рецептот е многу јако и би содржело парчиња леб кои пловат во него.

2-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

3. Најстарите очила за сонце (стари 800 години)

Најстарите очила за сонце во светот биле откриени на островот Бафин во Канада. Тие биле очила за снег, дизајнирани да го одбијат сјајот на сонцето кој се рефлектира во снегот.

3-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

4. Најстарата скулптура со човечка форма (стара 35.000-40.000 години)

На 35.000-40.000 години, Венера од Хохле е најстарата статуа со ликот на човечка фигура. Оваа фигура од слонова коска била пронајдена во Германија.

4-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

5. Најстариот чевел (стар 5.500 години)

Овој 5.500-годишен чевел од кожа од вол, бил пронајден во една пештера во Ерменија, сочуван од трева и сув измет од овца. Левиот чевел не бил пронајден.

5-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

6. Најстариот инструмент (стар 40.000)

Станува збор за флејта изработена од коска на мршојадец, пронајдена во јужниот дел на Германија. Некои научници веруваат дека музиката може им дала предност на нашите предци во однос на Неандерталците.

6-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

7. Најстарите панталони (стари 3.300 години)

Најстариот пар панталони во светот е стар 3.300 години и бил пронајден во Западна Кина.

7-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

8. Најстарите тоалети на вода (стар 2.000 години)

Ефес, древен град во Турција, имал тоалети на вода. Водата која течела под шолјите го износувала изметот во реката.

8-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар