Pickbox наградна игра: Маратонски изгледај серија, напиши рецензија и освој 10.000 денари!

Стриминг видеотеката Pickbox ви нуди идеална работа – погледнете ја серијата, напишете рецензија и заработете! Сѐ што треба да направите е да го активирате Pickbox (доколку сѐ уште го немате направено тоа), да погледнете една од трите нови серии кои моментално се прикажуваат таму и да напишете рецензија!

Pickbox наградна игра: Маратонски изгледај серија, напиши рецензија и освој 10.000 денари!

8 Pickbox правила за рецензија:

  1. Одберете една од трите серии за која ќе пишувате: Billions, SS-GB или Night Manager.
  2. Се бара и се наградува рецензија за секоја поединечна серија.
  3. Едно лице може да се натпреварува со рецензии за сите три серии, но може да освои само една награда.
  4. Рецензијата мора да има минимално една страна и половина текст, а максимално 4 страници текст.
  5. Натпреварувањето е отворено од четврток, 16.03.2017, до понеделник, 10.04.2017, во 00.00 часот, а своите текстови ги испраќате на press@pickbox.tv.
  6. Тричлено стручно жири ќе ги избере најдобрите реченици до вторник, 25.04.2017, ќе ги прогласи добитниците и ќе ги објави рецензиите на pickbox.mk.
  7. Победничката рецензија за секоја поединечна серија се наградува со 10.000 денари.
  8. Текстовите мораат да бидат изворни и необјавени и напишани на македонски јазик.

Стручно жири

Pickbox за оваа прилика пронајде 3 стручни лица кои ќе ги бодуваат рецензиите: Сребра Ѓорѓијевска, Ирина Мицов и Борис Ефтимовски.

Жирито ќе биде строго, но правично!

Премиери на серии на Pickbox

Ако веќе секојдневно „маратонски“ гледате серии, тогаш не треба премногу да ви објаснуваме дека Pickbox во својата понуда има голем избор – од култни, како што се Сплетки и Поаро, така и најнови, како што е Црни едра. Од премиерите кои на вашиот екран се само неколку часови после прикажувањето во Америка, моментално можете да ги следите сериите: SS – Велика Британија (SS-GB), Милијарди (Billions), Бул (Bull), Скорпион (Scorpion), Нешвил (Nashville) и Црни едра (Black Sails).

Ако и вам ви е мерак да гледате предобри серии, по кои е луд цел свет, за вас тука се: Корпорација (Incorporated), Кралско семејство (The Royals), Безмозочни (Braindead), Афера (The Affair), Г-дин.Робот (Mr. Robot), Водолија (Aquarius), Американски криминал (American Crime), Милијарди (Billions), Моќ (Power), Американска готика (American Gothic), Скандал (Scandal), Бесни кучиња (Mad Dogs), Галавант (Galavant), Исправање (Rectify), но и многу што допрва треба да воодушеват!

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар