Овие празници, најдобрите подароци се спакувани во Три!

Овие празници, најдобрите подароци се спакувани во Три!

И оваа година Издавачкиот центар ТРИ организира Зимски фестивал на книгата и подготвува празнична програма за своите читатели. Од 20.12. до 31.01.2015, вратите на ТРИ се ширум отворени за сите кои сакаат да подарат книга – единствениот подарок кој не губи од вредноста, подарок кој продолжува да се подарува.

ovie-praznici-najdobrite-podaroci-se-spakuvani-vo-tri-kafepauza.mk

Сите изданија на ТРИ ќе бидат со празничен попуст до 50%! Затоа што празниците се време на подарување, време на споделување, а нема ништо подобро од книга под елка, или уште подобро, пакетче книги под елка. Фестивалот го отвораме со Игор Џамбазов, на 20.12. (сабота), од 14 часот – читателите ќе можат да ја купат неговата најнова книга „Облечен човек“ по празнична цена и да се дружат со својот омилен автор.

Ние знаеме дека секој од нашите читатели има различни вкусови и желби – затоа ќе понудиме голем избор на книги и на пакетчиња книги, по супер цена. Читателите ќе имаат можност сами да си состават свое пакетче, или да изберат некое од оние кои ние, со цел да го одбереме најдоброто од најдоброто, ги подготвивме. 10 различни пакетчиња, спакувани и спремни за под елка, со најразлични желби за неповторлива година: пакетчиња за љубов, за бизнис успеси, пакетчиња за најмалите, бестселер пакетчиња, пакетчиња за неа, пакетчиња за него….

Како дел од празничната програма, ќе се одржат повеќе средби со ексклузивните автори на ТРИ – Игор Џамбазов, Коста Петров и Марија Јаневска. Освен што читателите ќе имаат можност да се сретнат, запознаат и поразговараат со своите омилени автори, тие ќе можат и да побараат совет за празничен подарок. Секој од ексклузивците на ТРИ ќе држи „една смена“ во Книжарницата ТРИ во ГТЦ, и во улога на советник за подароци ќе им помага на читателите да одберат пакетче книги за своите најмили, препорачувајќи им ги своите омилени автори и дела.

Во духот на празниците, ТРИ подготвува и изненадување за своите најверни читатели. Но, за да не ја расипеме магијата на подарувањето, тоа засега ќе остане тајна!

631 наслов на 50% попуст, безброј можни комбинации за подарување, еден вистински подарок! Ги очекуваме сите вљубеници во книгата, да наминат во ТРИ, да одберат пакетче, да добијат совет, да се сретнат со омилените автори и да ја започнат новата година со купчиња книга за читање!

Од сабота (20.12.), нека започне празнувањето!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар