Зошто да научите да свирите пијано?
Автор: Горана Коневска
Свирењето на пијано не само што е интересно и забавно, туку овозможува и одлична вежба за мозокот. Исто како што трчањето или аеробикот имаат влијание врз мускулите на телото, секојдневното вежбање на пијано, па макар и само 20-тина минути, ќе ве држи ментално во форма.

За многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.
Освен тоа што пијаното е прекрасен инструмент со убав изглед и богат звук, постојат и многу други причини зошто да научите на свирите пијано:
- Музиката има терапевтско и смирувачко својство.
- Свирењето на пијано има влијание врз развојот на моториката на рацете. Тој е инструмент на кој се свири независно со двете раце со сите 10 прсти, па ова може да ви помогне и во вашите вештини за пишување на тастатура.
- Некои истражувања покажале дека свирењето на пијано, може да развива дополнителни вештини. Децата од средно училиште кои свиреле на пијано, покажале не само високо развиени уметнички и музички вештини, туку и подобро напредувале во користењето на јазикот и математиката.
- Пијаното ви овозможува социјализација – замислете си само колку е прекрасно да седите со своето семејство во топла домашна атмосфера, а вие да сте во центарот каде свирите пијано и сите заедно пеете песни.
- Свирењето на пијано може да се прилагоди на вашите желби и согласно на типот на вашата личност – доколку сакате да бидете сами, може да го користите како соло инструмент, кој секогаш звучи богато и динамично или пак да свирите заедно со вашите пријатели кои свират на друг инструмент, доколку преферирате да бидете во друштво.
- Пијаното го изострува и умот и телото (концентрација и правилно држење на ‘рбетниот столб).
- Свирењето на пијано резултира со опуштеност и смиреност, но бара и емоционална ангажираност. Ова може да ви помогне да станете поспретни и посталожени.
- Свирењето на пијано ги ангажира двете мозочни хемисфери и ја развива способноста за истовремено правење повеќе работи одеднаш.
- Доколку сакате да ја научите теоријата на музиката, најдобро е да земете часови по пијано. Тоа е инструмент за кој е неизбежно да знаете да ги читате и разбирате нотите. А доколку потоа сакате да свирите и на друг инструмент, благодарение на претходното искуство со пијаното, ова може да ви оди многу полесно.
- Пијанистите можат да се занимаваат со мноштво професии: да бидат придружба во хор, да свират во цркви, на разни настани, да подучуваат, да создаваат музика за филм или за реклами, да компонираат оркестрални дела, како и да бидат дел од музички групи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
