Најромантичните песни на Битлси

Битлси (The Beatles) е најпознатата поп-рок група на сите времиња. Формирана во 1960 година во Ливерпул, Лондон, групата Битлси е најпознатиот музички бенд во историјата на популарната музика. Членовите на групата Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар ги скршија сите женски срца низ светот и ги полудеа девојките и жените кои врискаа и паѓаа во несвест на секој нивни концерт или телевизиско појавување. Овој феномен британските весници го именуваа како „Битлманија“.Најромантичните песни на БитлсиГрупата се распадна во 1970 година со издавање на последниот студиски албум „Let it be“. И покрај толку години поминати од времето кога свиреа и пееја заедно како група и трагедиите кои им се случија на Џон Ленон и Џорџ Харисон, нивните песни уште се пеат и слушаат од генерациите што доаѓаат. Погледнете кои се десетте најромантични песни кои некогаш ги испеале Битлси:

10. All You Need is Love

Без оглед колку пати ќе ја слушнете оваа песна, таа секогаш ќе ви вдахне позитивна енергија и надеж.

9. Sexy Sadie

Песна за убавата Sadie по која мажите паѓаат во несвест и прават буквално се за да бидат со неа.

8. Michelle

Дека љубовта и француските и италијански зборови најубаво одат заедно, покажува оваа прекрасна балада напишана од Ленон, а испеана од Макартни.

7. I Want to Hold Your Hand

Држењето за рака е толку романтичен гест и прекрасно опеан во оваа песна на Битлси.

6. All My Loving

Оваа песна е одличен потсетник за тоа колку е слатка љубовта.

And then while I’m away, I’ll write home every day, and I’ll send all my loving to you.”

Во овој видео клип најдобро ќе можете да видите како изгледал феноменот битлманија.

5. And I Love Her

Одлична балада со која се поврзуваат сите заљубени. Оваа песна ја напишал Пол Макартни за својата долгогодишна девојка Jane Asher.

4. Hey Jude

Мелодијата и текстот на оваа песна ќе ви ги однесе мислите на на некое среќно место.

3. Oh! Darling

Песната во која се опишуваат чувството на страв од напуштање на саката личност. Во оваа песна најмногу доаѓа до израз нивната психоделична мелодија по која се карактеристични.

2. Yesterday

Безвремнска љубовна балада. Нема кој не ја слушнал, а уште помалку останал рамнодушен.

1. Something

Своевремено, Френк Синатра рекол дека ова е најубавата љубовна песна која е некогаш напишана. И кој не би се согласил со човекот?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар