Мистериозни книги што дури и најголемите скептици ќе ги замислат!

Мистериозни книги што дури и најголемите скептици ќе ги замислат!

Повеќето книги се напишани за да споделат некоја информација, да ви помогнат да разберете нешто, или пак да ве забавуваат и да инспирираат емоции и чудење. Но, некои пишани дела, ако се вистинити, укажуваат на многу интересни мистерии. Овие мистерии може да се поврзат со метафизичкото потекло на делото како и со чудните заклучи кои можете да ги извлечете од нив.

1. Материјалот Ра (The Ra Material)

Оригинално издадена во 1984 година, оваа книга за духовноста направи значителен придонес во движењето на новата ера. Според авторите, содржината не била составена од нив, туку од суштество од шестата димензија наречено Ра, истиот Ра кој се појавува во древната египетска теологија. Авторите ги добивале информациите преку техника наречена „канализирање“. Техниката вклучува состојба на транс кај „каналот“ (личноста која го изведува канализирањето) по која неговото тело е преземено од друго битие кое ги користи неговите раце или говор за комуникација.

Овој вид комуникација бил откриен од групата автори за време на групна медитација, и тие решиле да ги снимаат сеансите. Покрај мудроста и филозофијата која Ра ја споделил со нас, фактот дека овој контакт и ова интелигентно битие постојат, можеби укажува на ниво на постоење за кое ние не сме воопшто свесни.

2. Книгата Урантија (The Urantia Book)

(2)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Книгата Урантија, каде што Урантија е името на нашата планета, исто така била резултат на канализирање, но овој пат со помош на машина за пишување. Групата која учествувала во сеансата била под водство на почитуваниот психијатар, доктор Вилијам Садлер, кој предава на Медицинскиот факултет во Чикаго. Групата истакнала дека не сакаат да назначат никој како автор на книгата. Важна е само нејзината содржина, и книгата треба да се „суди“ само според тоа.

Содржината на книгата опфаќа речиси сè: од Бог и универзумот, до историјата на Земјата, еволуцијата, религијата и значењето на духовноста. Дури постои и дел за животот и учењето на Исус. Ова би требало да биде најточниот запис бидејќи информациите доаѓале директно од метафизички набљудувачи, како што Библијата била предавана и пишувана низ генерациите. Дали ова можеби е наследникот на Библијата?

3. Тестот за психопати (The Psychopath Test)

(3)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Напишан од Џон Ронсон во 2011 година, овој забавен мемоар го следи патувањето на авторот низ психопатијата. Она што тој го открил е вознемирувачко и провоцирачко. Психопат е личност која манифестира неморално и антисоцијално однесување, има недостаток на љубов и неспособност за остварување лични врски. Нормално, ние сметаме дека овие личности се лесни за забележување и повеќето од нив сигурно се третираат. Но, Ронсон открил дека вистината е многу поразлична. Повеќето психопати се „надвор во светот“ и го користат нивниот натприроден шарм и способност за манипулација со цел да не убедат дека се нормални. Понекогаш дури и ги глумат емоциите кои не ги чувствуваат.

Но, станува уште пострашно, бидејќи Ронсон сфатил дека многу од луѓето кои се на врвот од социоекономската хиерархија се всушност психопати. И токму ова им помогнало да стигнат до врвот. Според некои истражувања, многу психијатрии сметаат дека поголемиот дел од негативноста во светот е резултат на овие неколкумина психопати кои се на врвот, додека ние, останатите, ги трпиме последиците.

4. Отпечатоците на боговите (Fingerprints of the Gods)

(4)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Напишана од британскиот автор Грем Ханкок, ова дело ја предизвикува целата историја. Ханкок патува околу светот и ги открива мистериите оставени од древните предци, како архитектонски сличности помеѓу древни култури кои немале контакт и необјаснивото познавање на ѕвездите.

Неговото истражување почнува со мапа од 16-тиот век која ја прикажува формата на Земјата на Јужниот пол. Ова е невозможно, бидејќи земјата на Јужниот пол тогаш била покриена со 1 километар мраз. Овој континент се нема ослободено од мразот од последната ледено доба, пред 9000 години. Овој доказ, помеѓу другите, го довел Ханкок до заклучок дека древните цивилизации го добиле своето знаење од уште постара напредна цивилизација.

5. ДМТ: Молекулот на душата (DMT: The Spirit Molecule)

(5)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Која е врската помеѓу духовните искуства и мозокот? Дали овие искуства може да бидат предизвикани со психоделични супстанци? Ова се прашањата за кои се расправа во оваа книга. Рик Страсман, авторот на книгата, смета дека мора да постои биолошки дел од процесот на мистичните искуства. Тој смета дека некоја психоактивна супстанца постои во самиот мозок. Тој правел и истражувања на луѓе, а сеансите биле преплавени со искуства кои вклучувале дури и напуштање на телото.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Кате Reply

    Kолку добра статија. Само мала забелешка – tablets на македонски ќе биде плочи, а не таблети (тоа кај нас значи пилула,апче). Во секој случај пишувајте повеќе вакви работи.

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Кате,

      Ти благодариме за убавите зборови. И имаш право, правилно е плочи – се поправивме.

      Поздрав и убав ден

Остави коментар