Кафето како лек против некои посериозни болести

Кафето ја поттикнува активноста на одредени човечки органи како срцето, мозокот, нервите, бубрезите и мускулите. Повеќето од луѓето кои редовно пијат кафе, консумираат од една до две шолји на ден. Експертите велат дека разумното пиење кафе (2-3 шолји дневно) не може да им наштети на здравите луѓе, туку напротив може да го подобри нивното здравје. Ова не се однесува на оние кои дневно внесуваат прекумерни количини кофеин. Еве неколку резултати добиени од поголем број британски експертски истражувања поврзани со улогата на кафето врз некои видови болести.Кафето како лек против некои посериозни болести

  • Зачудувачки е фактот, дека комбинацијата од алкохол и кафе, во суштина штити од заболување од цироза на црниот дроб. Секако најефикасната заштита од оваа болест е воопшто да не се пие алкохол, но според резултатите од спроведеното британско истражување, оние кои пиеле помалку од една шолја кафе дневно, го намалиле ризикот за заболување од цироза за 30%, оние кои пиеле од една до три за 40%, а оние кои пиеле четири или повеќе шолји до 80%.
  • Кофеинот го намалува ризикот од заболување од рак на кожа. Исто така, млеката за тело кои содржат екстракти од зелен чај и кофеин, го имаат ова заштитно дејство на вашата кожа.
  • Консумирањето една до две шолји чисто кафе на дневна база, го подобрува вашето расположение и целокупното здравје. Оваа карактеристика е објаснета со фактот дека кофеинот содржи допамин – супстанца, која според научниците е одговорна за нашата зависност од пиење кафе.
  • Докажано е дека луѓето кои не сакаат и не пијат кафе, имаат поголем ризик од заболување од Паркинсонова болест.
  • Кофеинот содржи многу антиоксиданси.

Кафето како лек против некои посериозни болести

  • Истражувањата потврдуваат дека кафето ја елиминира болката во мускулите, предизвикана од тежок, долготраен стрес. Во ваквите ситуации, кафето може да делува поефикасно од аспиринот.
  • Според ново истражување, 4-5 шолји кафе на ден, го прават телото помалку чувствително на различни кардиоваскуларни болести.
  • Оние луѓе кои често пијат кафе, не треба да се грижат дека ќе ја изгубат нивната меморија на стари години.
  • Кафето исто така, ја подобрува и краткотрајната меморија. Научниците сугерираат дека најверојатно тоа е резултат на мозочната стимулација, која тоа ја предизвикува.
  • Кафето не доведува до хипертензија (зголемување на крвниот притисок во мирување). За оние пак, кои имаат низок крвен притисок, кафето е добро бидејќи им го качува.
  • Кафето во одредени околности е корисно и за децата. Во 1999 година, официјално беше одобрена кофеинската инјекција, која го стимулира дишењето кај бебињата.
  • Пиењето кафе може да го намали бројот на вашите посети на забар. Но, ова повеќе се однесува на пиење кафе без млеко, шеќер и други додатоци. Печените зрна кафе ја имаат способноста да ја убијат бактеријата „Streptococcus mutans“, која е една од причините за појава на кариес на забите.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. БратеТебра Reply

    Кофеинот содржи многу антиоксиданси ???
    Веројатно мислите кафето содржи антиоксиданси.

Остави коментар