10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити - Part 2

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

6. Владата ве шпионира

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Со напредокот на технологијата, владата ги користи нејзините ресурси за да ги надгледува граѓаните.

Вистината: Во 2016 година, владините агенции испратиле 49.868 барања за информации на корисниците до Фејсбук, 27.850 до Гугл и 9,076 до Епл, според фондацијата „Електронска граница“ (Electronic Frontier Foundation-EFF), огромна непрофитна организација која ги заштитува граѓанските слободи во дигиталниот свет и ја советува јавноста како да ја заштити својата приватност.

7. Лажна битка, вистинска војна

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Битката за Заливот Тонкин што се случила на 2-ри август, 1964 година била лажна за да се добие американската поддршка за Виетнамската војна.

Вистината: Додека да стигнат вестите до Американците, фактите поврзани со нападот на американскиот воен брод Медокс од страна на Северен Виетнам веќе биле недоследни. Откриено е дека Медокс ги поддржал нападите на Јужен Виетнам врз еден остров во близина , а Северен Виетнам го возвратиле ударот. Овој настан ги вмешал Американците во Виетнамската војна.

8. Тутунската индустрија знаела дека цигарите предизвикуваат рак

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Со децении, тутунските индустрии ги криеле доказите дека пушењето убива.

Вистината: На почетокот од 1950-тите, истражувањата покажале неоспорна статистичка врска меѓу пушењето и ракот на белите дробови, но дури во доцните 1990-ти Филип Морис признале дека пушењето предизвикува рак.

9. Канада се обидела на направи „гејдар“

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Канадската влада била толку многу параноична поради развојот на хомосексуалноста што направила машина за препознавање хомосексуалци.

Вистината: Ова навистина се случило. Во 1960-тите, владата најмила универзитетски професор кој имал задача да најде начин да ги препознава хомосексуалците помеѓу вработените. Тој направил машина која го мерела проширувањето на зениците како реакција на приказ на истополови сексуални односи. Канадската влада ја искористила оваа направа за да отпушти повеќе од 400 мажи од граѓанските служби, војската и полицијата.

10. Илуминатите и американската влада

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Тајното општество што владее со светот – Илуминатите и Американската национална агенција за безбедност (НСА) се сојузници.

Вистината: Оваа врска навистина постои. Всушност станува збор за електронска врска помеѓу две Интернет страници. Ако го напишете зборот „Illuminati“ по обратен редослед „Itanimulli“ во веб пребарувач, ќе завршите на веб-сајтот на НСА. Посетете го линкот ако се осудувате: Itanimulli.com.

Можеби ќе ве интересираат и овие 6 теории на заговор кои не се знае дали се вистинити. А секогаш можете да продолжите понатаму и да ги прочитате и оние кои сепак се покажале како вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар