ТВ серија: Ајрон фист (Iron Fist)

ТВ серија: Ајрон фист (Iron Fist)

Млад човек владее со боречки вештини и поседува мистична сила позната како Железна тупаница

(1) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist)Главни улоги: Фин Џоунс, Џесика Хенвик, Џесика Страуп

Жанр: акција, криминал, авантура

Креатор: Скот Бак

Премиера: 17 март 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 55 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,14 од 10)
Loading...

 

За љубителите на приказните од Нетфликс и Марвел за Дердевил, Џесика Џоунс и Лук Кејџ, доаѓа четвртиот, односно последниот Заштитник на Њујорк – Ајрон фист (Фин Џоунс)! Тоа што го издвојува овој суперхерој од останатите во оваа низа е токму неговата добрина. Сите навикнавме да гледаме исклучителни луѓе, што се борат за доброто на човештвото, но во себе имаат темнина што едвај ја контролираат. Тие се или арогантни, или лути, или едноставно ги мразат сите околу себе и наместо да живеат со полно срце, преживуваат од ден за ден. Но тоа не е случајот со Дени Ренд (Фин Џоунс). Тој не само што зрачи со милина и добрина како карактер, туку истовремено се води и според одредени будистички учења од кои можат да се научат многу мудрости за справување со денешниот брз свет.

(0) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist)

Приказната за Дени Ренд наликува малку на Доктор Стрејнџ, но само во поглед на мистичното. Тој не е роден со моќи или одредени способности, туку ги стекнува со тек на време преку многу учење, тренинг и борба. Што се однесува до начинот на кој ќе стане Ајрон фист, на кратко, тој ги губи своите родители во авионска несреќа и како единствен преживеан во падот, сред сурова снежна бура на Хималајските планини, е пронајден од страна на монаси кои ќе го спасат и ќе му дадат дом и заштита. Тој 15 години ќе живее со нив, во друга димензија, а потоа кога ќе се отвори порталот кон Земјата, ќе се врати назад во Њујорк за да открие кој е всушност тој и кое е неговото место во овој свет.

(3) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist) (4) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist)

Покрај талентираниот Фин Џоунс, кој е водечката улога во оваа ТВ серија, мора да се спомене и одличниот избор на останатите актери. Тие толку добро ја одигруваат својата улога, што целосно ќе ве маѓепсаат и ќе ви предизвикаат чувство како да сте крај нив и заедно да ги доживувате нештата со кои тие секојдневно се справуваат. Не постои лик што нема да ви се допадне, без разлика дали е позитивец или негативец – приказната е толку добро разработена и длабока, што ќе можете да најдете логично објаснување зад секоја нивна постапка, добра или злобна. Всушност нема да ви биде ни лесно да ги поделите овие акти на црни и бели, бидејќи секој си има своја причина, сосема оправдана, зошто го прави тоа што го прави…

(2) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist) (5) ТВ серија: Железна тупаница (Iron Fist)

Ве заинтересиравме? Нема да згрешите ако го поминете целиот викенд гледајќи ги одеднаш сите епизоди од првата сезона!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар