Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)

Поранешен неврохирург тргнува на пат за зацелување каде што ќе биде повлечен во светот на мистичноста

(1) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)Режија: Скот Дериксон

Улоги: Бенедикт Камбербач, Рејчел Мекадамс

Времетраење: 115 минути

Премиера: 30 септември 2016

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: [ratings]

Овој филм им дава сосема ново значење на „докторите без граници“! Станува збор за суперхерој за кој постојано ќе имате чувство како да е сниман низ калеидоскоп – мистериозен, хипнотички и секој пресврт ни открива прекрасна нова димензија на неограничени можности. Дури и да не сте љубители на филмовите со суперхерои, доколку сте уживале во „The Matrix“ и „Inception“, тогаш без сомнение ќе уживате и во овој мултидимензионален и визуелно примамлив филм!

(2) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange) (3) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)

За карактер кој не се појавил на филмското платно од 1978 година, Стивен Стрејнџ (Бенедикт Камбербач) може да ви делува многу познато. Себичен, арогантен и неизмерно амбициозен (истовремено и емоционално оддалечен!) неврохирург кој живее во огромен стаклен пентхаус во центарот на Менхетен, Њујорк – звучи многу како Тони Старк, се согласувате? Можеби ова не е вистина во стриповите, но во филмскиот свет на Марвел, најголемата разлика помеѓу Стивен Стрејнџ и Тони Старк е тоа што едниот од нив сече со скалпел, а другиот со сарказам.

(4) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange) (5) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)

Дури и нивната приказна започнува на сличен начин. Вие ќе го гледате Стрејнџ како неодговорно ќе се повреди во сообраќајна несреќа и потоа ќе преземе опасни мерки за да оздрави, за на крај да ја добие најголемата моќ, како и одговорности за кои никогаш не помислил дека се можни. Секако не можеме да се жалиме за потеклото на суперхероите, бидејќи сепак се потребно зло, без кое многу од гледачите би биле изгубени. Тоа не значи дека не очекуваме малку повеќе оригиналност од Марвел за идните карактери!

(6) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange) (7) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)

Сепак овој филм можеме слободно да го опишеме како едноставно сигурен, но истовремено и импресивно храбар – халуциногено патување по многу познат пат… Тој иако е типичен за Марвел, сепак се истакнува со одличната и богата приказни, како и со неверојатните ефекти до тој степен што би рекле и дека е на второ место на листата филмови со суперхерои, веднаш зад Одмаздници.

(8) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange) (9) Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)