Неколку причини зошто да гледате „Glee“

Неколку причини зошто да гледате „Glee“

“Гли„ (Glee) е музичка ТВ серија која на малите екрани своето официјалното деби го имаше на 19 мај 2009 година. Таа е во продукција на „20th Century Fox Television“, а нејзината популарност ја докажува фактот дека првата сезона била гледана од над 10 милиони гледачи само во САД.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Главни улоги: Лиа Мишел, Диана Агрон, Крис Колфер, Кори Монтих, Метју Морисон, Џејн Линч….
Жанр:
комедија, мјузикл, драма
Времетраење:
42 – 48 минути
Наша оценка: 7/10
.

Тинејџерската серија е приказна за вистинските вредности во животот, амбициите и желбите, подемите и падовите. Сатиричната приказна проследена со песна, ја издвојува оваа серија од класичните мјузикли, а пофалбите пристигнуваат токму на адреса на изборот на песните. Покрај стари незаборавни класици, во серијата се пеат песни кои моментално се актуелни и вртени по ТВ и радио станиците. Низ епизодите ќе наидете на песни од Мадона, Бијонсе, Кети Пери, Лејди Гага, Аврил Лавињ, Кели Кларксон, Џастин, Ашер, Јуту, Бон Џови и многу други славни и прочуени имиња на музичката сцена.
.

Одлично испеаните песни проследени со уште поинтересна кореографија, ќе ви покажат како да ги испеете вашите емоции, дури и ако не сте музички талентирани. Ако сè уште не сте почнале да ја гледате оваа серија, а сте решени да го сторите тоа, никако не се откажувајте после првата епизода, која ќе ви создаде чувство како да гледате уште еден тинејџерски мјузикл. Напротив, ова е серија која ве советува дека не треба да се откажувате од вашите соништа, затоа што никогаш не е премногу доцна за да го живеете вашиот животен сон. Таа ќе внесе оптимизам во вашите мисли и надежи и навистина ќе си поигрува со вашите емоции.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Кратка содржина: Приказната се одвива во едно средно училиште во Охајо, каде што учителот по шпански јазик, го презема клубот „Гли“. Неговата цел е да ја врати старата слава на клубот, па така и покрај критиките и незгодите кои ќе му се случуваат, тој успева да ја подобри програмата и да натера дел од учениците да се приклучат, меѓу кои се и некои од познатите фудбалери и мажуретки во училиштето..Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар