Излажи ме (Lie to me)

Излажи ме (Lie to me)

Вистината е испишана по нашите лица

Излажи ме (Lie to me)Главни ликови: Тим Рут, Кели Вилијамс, Брендон Хајнс,
Моника Рејманд, Меки Фајфер, Хејли Мекфарленд

Режисер: Даниел Секхајм, Мајкл Зајберг, Едам Дејвисон…

Креатори: Семјуел Баум…

Жанр: криминалистика, драма, трилер

Времетраење: 44 мин.

Јазик: англиски

Датум на прво прикажување: 21 јануари 2009

Број на сезони: 3

Следна епизода: 1 ноември 2010

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 10/10

____________________________________________________________________________________________
„Излажи ме“  е серија која воведува нешто свежо и невидено во криминалистичките ТВ шоуа. Групацијата „Лајтмен“ е тим составен од професионалци со широки познавања во полето на кинетиката и микро експресиите. Интересното  сценарио во комбинација  со навистина перфектни визуелни елементи и одлична музика, нема да ве остави рамнодушни и веднаш ќе ве навлече на серијата.
____________________________________________________________________________________________


Приказна:  Кал Лајтмен е основач на тимот Лајтмен и заедно со своите колеги води приватна фирма за разоткривање на вистината зад лагата. Секоја епизода е приказна за себе, но сепак има некое благо течение на дејството низ кое се откриваат елементи од приватниот живот на главните ликови.
Излажи ме (Lie to me)Кал Лајтмен, како главен лик во серијата, минал низ тежок период од животот поради смртта на неговата мајка, која ненадејно се самоубила и токму нејзината смрт го натерува да се изгради како експерт во областа на читање на фацијални експресии и разбирање на говорот на телото.
Излажи ме (Lie to me)Пилот епизодата во серијата започнува со расветлување на случај во едно локално училиште, каде што малолетен ученик самостојно се пријавува како извршител на деликтот, а само тимот на Лајтмен е убеден и цврсто решен да ја открие вистината. Дрскоста, прецизноста и перфектноста се главните особини на ликовите кои ќе ве натераат да се вљубите во нив.
Излажи ме (Lie to me)

„Вистина или среќа. Никогаш двете“

Интересни податоци:

  • Серијата е базирана врз искуствата на светски познатиот експерт во полето на фацијалните експресии, Пол Екман.
  • Досега правата на прикажување ги имаат откупено телевизии од 40 земји во светот.
  • За серијата да има посилен ефект, на главниот актер Тим Рут, намерно му е дозволено да зборува со својот британски акцент.

Излажи ме (Lie to me)

Кога и како да ја гледате? „Излажи ме“ е доста ефектна и тешка серија, па затоа за нејзино гледање ќе ви биде потребна максимална концентрација и потполна тишина. Препорачливо е да се гледа во мало друштво или пак да ја гледате сами. Иако серијата навлекува и ве тера постојано да ја гледате, погодно би било по изгледани две епизоди да правите мала пауза, па да продолжите. Исто така, тишината ќе ви биде максимално неопходна, токму поради фактот што главниот актер зборува со британски акцент, па доколку немате превод ќе имате мали тешкотии да го разберете.
.

„Единствен начин тројца луѓе да сокријат лага, е двајца од нив да се мртви“

Излажи ме (Lie to me)

Слични серии: „CSI-Miami”, “CSI-Las Vegas”, “CSI-New York”, “Bones”


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Колумбо Reply

    Интересна и корисна серија, практични работи кои во некои случаи помагаат да откриете што е зад зборовите и изразите на луѓето

  2. ани Reply

    серијата е закон…

Остави коментар