Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)

Лесно летно филмче за гледање во друштво

Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Режија: Џон Лукас, Скот Мур

Улоги: Мајлс Телер, Џастин Чон, Скајлар Естин, Сара Рајт

Времетраење: 93 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 март 2013

Жанр: комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (29 гласа, просек: 8.24 од 10)

Loading...Loading...

Кога „Од 21 година па нагоре“ го најавија како верзија на „Мамурлак“ (The Hangover) со студенти можеше да се очекува дека „Мамурлак“ ќе го измешаат со „Американска пита“ (American Pie) и дека тешко ќе го достигне успехот на своите претходници. Впрочем, „Од 21 година па нагоре“ и „Мамурлак“ имаат исти сценаристи, веројатно затоа очекувањата се покажаа како исправни. Но, тоа сепак не ја намалува вредноста на овој филм, затоа што елементите кои ги позајмува се добро вкомпонирани еден со друг и од него прават интересен и гледлив филм.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)И овде се работи за некој кој се опијанил толку многу што не знае каде се наоѓа. Џеф Ченг (Џастин Чон) мора да си легне рано вечерта на својот 21-ви роденден затоа што утредента има важно интервју за работа обезбедено од неговиот престрог татко. Но, истиот ден на неговата врата неочекувано се појавуваат Милер (Мајлс Телер) и Кејси (Скајлар Естин), неговите најдобри другари од средно училиште. Тие дошле затоа што Џеф Ченг полни 21 година, станува полнолетен според законите во САД, па сакаат да му подарат забава што ќе ја памети цел живот.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)По кратко противење Џеф Ченг прифаќа да се напие по едно пиво со нив, но работите излегуваат од контрола и тој се онесвестува од премногу алкохол. Милер и Кејси немаат друг избор освен да го однесат дома да се отрезни пред важното интервју кое го чека, но не знаат на која адреса живее. Се разбира, ваквата ситуација неминовно води до целовечерна потрага по домот на Џеф која се чини дека нема крај.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Во филмот има и повеќе од доволно хумор за да отскокнува од повеќето комедии. „Од 21 година па нагоре“ е филм кој сигурно може да ве забавува, особено ако ги сакате оние што ги спомнавме дека се слични на него. Негов недостаток е тоа што делови од него може да ви изгледаат познато, нешто да биде предвидливо, а секако и шегите на еден од ликовите кои премногу се потпираат на стереотипи и понекогаш се невкусни.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Сè на сè, ова е лесно летно филмче за опуштање и забава во летниот период. Ако имате намера да го соберете друштвото, да земете нешто за грицкање и освежување и да се смеете со некој филм, веќе сте наишле на добра комедија.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар