Индиски хороскоп

Индискиот хороскоп се смета дека е повеќе точен од западниот, затоа што точката на прецесија се поместува наназад за околу 23 степени, со што се менува подзнакот и владеењето на планетите.

Индиски хороскоп

Mesha (овен) – Амбиција

Овој знак е кардинален, машки и подвижен. Познат е уште како знак на жртвување. Луѓето родени во овој знак лесно ги завршуваат дадените задачи. Сериозни се и секогаш го реализираат тоа што ќе го замислат. Нивната ментална сила ги прави многу амбициозни. Имаат смисла за иницијатива и затоа се едни од најдобрите водачи. Љубовта не ја сфаќаат сериозно на почетокот, но со текот на времето стануваат верни.

Vrishabha (бик) – Големо срце

Бикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта.

Mithuna (близнаци) – Хумор

Во индиската астрологија, Близнаците се променлив, машки и двоен знак. Вредни се, но сакаат да наредуваат. Заради двојноста на знакот, сè што прават е со двојно поголема енергија. Заради нивната двојна природа, карактеристиките на родените во овој знак се спротивни едни на други. Љубопитни се и постојано прашуваат. Нивна главна карактеристика е хуморот, кој го користат како средство за заведување. Во љубовта важат за најнеодолив знак.

Kataka (рак) – Чувствителност

Овој знак е кардинален, женски и подвижен знак, кој се поврзува со ноќта и водата. Родените во овој знак имаат повеќе таленти, но потребно им е соодветно образование, за да ги развијат. Имаат неверојатна интелигенција и брзо учат. Истовремено се чувствителни и таинствени. Најважно им е семејството. Во љубовта се многу интуитивни, но се плашат дека ќе бидат оставени од партнерот.

Simha (лав) – Непопустливост

Лавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на лавот важат за бесни луѓе. Дарежливи се, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни.

Kanya (девица) – Ја следи својата мисија

Во индиската астрологија, девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак.

Tula (вага) – Приврзаност

Овој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки.

Vrisciha (скорпија) – Водна струја

Скорпијата е фиксен, ноќен и воден знак. Овој знак е во сојуз со големите сили на океаните. Родените во овој знак шират позитивни вибрации што им дава голема виталност преку електро-магнетните влијанија. Важат за спиритуални луѓе и заради тоа се посветени да му помогнат на човештвото. Во индиската астрологија, со овој знак владее богот Шива, познат по тоа што уништува за да изгради нешто подобро. Припадниците на овој знак се доста активни. Во љубовта не ги покажуваат чувствата и ризикуваат да го искомплицираат односот со партнерот.

Dhanus (стрелец) – Оптимизам

Во индиската астрологија, стрелецот е огнен, дневен и машки знак. Родените во овој знак точно знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат целта. Се занимаваат со окултното, а многу од нив имаат тенденција да станат пророци. Постојано се зафатени со нешто. Полни се со ентузијазам и оптимизам. Постојано ризикуваат со парите. Ги привлекуваат поинакви личности и затоа често се заљубуваат во странци, подготвени да започнат нов начин на живеење.

Makara (јарец) – Труд и настојување

Овој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.

Kumbha (водолија) – Слобода

Водолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор.

Mina (риби) – Воздржаност

Во индиската астрологија, рибите се ноќен, женски и воден знак. Нивната љубов е длабока и скриена. Тие по природа се љубовници кои живеат во царството на душата. Верни се на своите пријатели и постојано ги бранат, без разлика дали се во право или не. Имаат потреба да го изразат својот талент, но ретко добиваат шанса за тоа. Воздржани се, но успеваат да ги привлечат другите со својата таинственост. Живеат од и за љубов.

За авторот

Поврзани содржини

  1. neodoliva Reply

    se razbira deka bliznacite se najneodolivi!!!

  2. badgirl Reply

    vaga-privrzanost

Остави коментар