Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Сајмон Дејл е човек од Велс, западниот дел на Велика Британија. Неговиот интерес за одржување чиста околина и еколошка свест, го натерала да изгради семеен дом – еден од најубавите и најтоплите домови што можете да ги замислите, а истиот и не го чинел многу.

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Можете ли да го замислите прекрасниот влез кој го има овој дом? Сајмон наведува две причини за изградба на ваква куќа. Првата е дека овој вид е многу поелегантен.

„Забавно е. Се исплати да го живееш својот живот на свој сопствен начин. Доколку ги следиме своите соништа, со тоа ќе ја одржуваме нашата душа во живот“, вели тој.

Другата причина која ја споменува е одржувањето чиста околина, при што тој наведува:

„Нашите залихи се сѐ помали, а нашата планета е еколошка катастрофа.“

Сајмон исто така е и многу талентиран фотограф, при што самиот ја фотографира својата куќа.

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Алатите кои ги користел биле прилично едноставни. Од модерната технологија употребил само моторна пила со која исекол околу 30 мали дрва. Ниту едно старо дрво од шумата не страдало за потребите на оваа изградба. Симон се насочил на алати кои функционираат со помош на неговата енергија, како што се лопатата, глетото и чеканот. Сепак, му биле потребни четири месеци за да ја изгради оваа прекрасна куќичка.

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Таа е изградена од дрво, камен, слама, а има земјен кров. Се грее со помош на камин, а на кровот се монтирани соларни панели. Поголем дел од користениот материјал се отфрлени работи и обновени апарати. Резултатот сепак не е лош и ги надминал очекувањата. Ова е креативно, уметнички, елегантно и удобно. Со еден збор волшебно!

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Она што е најневеројатно е дека за изградбата на оваа куќа не биле потребни ниту пракса ниту искуство. Имено, Сајмон нема ништо од тоа. Тој не е архитект, ниту инженер или пак столар. Во секоја смисла почнал од самиот почеток. Тој вели:

„Многу е забавно самиот да бидеш свој архитект, затоа што тоа ви овозможува да го создавате и да уживате во она што го сакате, во она што е дел од вас и дел од земјата, а не, во најлош случај, кутија од масовно производство наменета за максимален профит и практичност во градежништвото.“

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Градењето од природни материјали не носи профит за произведувачот и не вклучува разни отровни материи кои ги содржат многу модерни згради.

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Сајмон имал среќа што пронашол земјиште за изградба на својата куќа. Вниманието во изградбата на оваа еко-куќа исто така е насочено и на тоалетот кој е опремен со тоалетна шолја, користена е слама преку пластичниот слој за изолација, а фрижидерот лади со помош на воздухот кој тече под темелите на куќата. Цементот е голем емитер на јаглерод, така што внатрешните ѕидови како завршен слој имаат варов малтер, наместо од цемент. Сајмон сега е вклучен во изградба на втор дом за една организација која го промовира развојот на еколошки станбени куќи и еколошки стил на живот. Фокусот не е само на домовите, туку и на садењето дрва и создавањето градини.

Волшебен дом: Човек изградил прекрасна куќа за своето семејство

Еве како тој ги сумира своите погледи на неговиот дом и на бараниот проект од стана на организацијата:

„Оваа градба е еден дел од пермакултуралниот пристап кон животот. Овој вид живот е во хармонија со светот и со нас самите. Правите работи со едноставно користење на различен вид технологија кој одговара. Овие евтини природни куќи имаат свое место не само поради личната одржливост, туку и поради нивниот потенцијал да обезбедат прифатлив дом кој ќе им овозможи на луѓето пристап до земјиштето и можност да живеат поедноставни животи.“

Не можеме ниту да замислиме поубав и поатрактивен дом од овој! Ова треба да биде тренд во идните градења на куќи.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар