Танц во воздух

Понекогаш наидуваме на фотографии кои едноставно кажано не тераат да потскокнеме од радост. Проектот на њујоршкиот фотограф Џордан Матер т.н. „Танцувачите меѓу нас“ го постигнува токму тој ефект. Овој проект Џордан започнал да го работи пролетта, 2009, со артисти од „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“, кои изведуваат неверојатни движења во воздух, без трамбулина или други слични помагала кои го засилуваат телото при скок. Проектот го работел една година, а фантастичните фотографии кои се направени на различни локации во Менхетен, едноставно се резултат на стотици часови напорно вежбање.Танц во воздух.

Идејата за овие фотографии ја добив кога гледав една од изведбите на танцувачите во „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“. Бев импресиониран од чудесната комбинација од уметност и атлетика која ја имаат во себе танцувачите. Тие се посветени и ангажирани околу вежбањето на движењата и надвор од нивните проби и изведби – тоа е нивен начин на живот.

Танц во воздух.

Во фотографиите танцувачите се обидувам да ги прикажам како најобични луѓе. Ги фотографирав далеку од нивната сцена како ги извршуваат нивните секојдневни обврски танцувајќи. Работата на овие танцувачи говори за моќта на живеење на животот со страст. Ако целосно се внесеш себеси во нешто, што е твое ќе си дојде.

Танц во воздух.

Размислував за рецесијата и како таа се одразила на талентираните луѓе кои можеби ја изгубиле нивната работа. Дали сè уште ќе работиш како танцувач, ако не си платен за твојата изведба? Или дали сè уште ќе бидеш готвач ако немаш кујна во која ќе готвиш? Станува збор за луѓе со неверојатен талент кои чекорат по улиците и ги рекламираат нивните способности секојпат кога ќе посакаат. Танцувањето е неизоставен дел од нив и тие секогаш ќе бидат танцувачи.

Танц во воздух.

Бев вџашен од талентот кој го поседуваат танцувачите на Пол Тејлор и благодарение на еден мој пријател успеав  да дојдам до овие момци и девојки, кои дојдоа и ми го ставија на располагање нивното слободно време за овој проект.

Танц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздух

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Кафе пауза Reply

    „Танц во воздух“ е насловот на постот, името на проектот е во втората реченица од истиот.

  2. AntiDespotovski Reply

    зарем не уживаш во убавината на сликите, смислата и позитивноста на постот, туку тебе тоа ти дошло на памет дека името го промашиле? па пост е, како сака ке го именуваат, битно е наведен изворот на информацијата, а тебе најбитно ти бесе името дека го утнале, БРАВО!

  3. Rade Reply

    Одличен проект! посебно ми се допаѓа 11тата слика, со дечкото кој јаде смоки

  4. Еленна Reply

    Насмешна ми е таа со чадорот 😀

  5. ружица Reply

    хахаххаха мене ми е најсмешна сликата со дечкото во автобус хахаххахахахаа (може и јас да го изиграм тој танц)

Остави коментар